Видел Итар Пејо дека тајниро што го даваат на фронтот одвај стасувал за едно јадење, та намислил некако да се погрижи за својата благотворна менза. Отаде-одавде наредил некако да вари манџа во неговата единица, рота. Ем че се поистај малу од предните линии, ем че глодне некој кокал фазла. И арно му одело. Запржувал по некое џигерче, сплинка, цревца за ротниот командир, фелдфебело, старшијата и другото ,,начелство,, па подлапнувал Пејо да ги обиде дали се солени, печени. Од тоа имала фајдица негота благоутроба. Арно ама, го донесол од некаде џаоло, бригадниот командир – генерало и каде че врши смотра, прво кај кујната.
Пејо го предупредиле за посетата. Ја испрал белата унечка и капата и ја зачил на ,,ревизијата,,. И не беше било лага. Дошол генерало со полковнико, потполковници, мајори, капетани и цел табур поручници, потпоручници, фетфебели и старшини. Пејо излегол да рапортира. Поздравил цврсто. Кажал колку војници има на храна. Мислел дека со то че се сврши. Но, генерало беше можи и гладен, та сакал да разбери шо че има за ручек. Затоа шом Пејо го заврши рапортот, прашал:
– Какво готвиш, момчето, за обед?
Пејо како отпетлана пушка ревнал:
– Генерал со зелје, господин свински!
Ротниот командир позеленил како мувлија и ги чкртнал забите вртејчи му ја глата на Пеја. Генерало и полковнико се раскикотиле, а генерало го пофалил:
– Ептен арно, јуначе!
– Ште се стараја, господин генерал – грмнал Пејо и уште појче ги напнал градите напре.
Се чудел зш се смејат генерало и полковнико, но разбрал ко командиро му наредил да ги прибере пљачките и да оди на фронтот да фајча Грци, Французи и Италијанци, а да не готви генерали со зелје и да не го наречуе господино свински. Се правдал, сиромав Пејо, дека сакал да рече ,,свинско со зелје, господин генерале,,. Ама ете ги измешал зборојте и излегло дека готви генерал со зелје, а генералот излезе ,,господин свински,,. Шо ќе му прај, играта на зборој му го расипала раато и тој отишол пак во окопите.