АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Носете ги маските! Можеби вирусот нема да ве препознае…

x

Белата боја ги содржи сите бои на спектарот, а кој ќе се премачка со сите нив да не се чуди што ќе го гледаат – бело.

x

Се’ потешко може да се проголта она што го приготвуваат политичките кујни.

x

Се уште непочинати, а се однесуваат како воскреснати.

x

Веруваше во слободата на говорот се’ додека не го замолкнаа.

x

Меѓу животот и смртта изберете ја – љубовта!

x

Раката на среќата, не е ниту лева, ниту десна.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading