НАМЕСТО ЉУБОВ, ОСТАНАЛЕ БЕЗ 28000 ЕВРА

Прилепска измамничка ограбила сограѓанин и скопјанец

Ја запознал на фејсбук, мислејќи дека ќе му биде животна сопатничка, без ниту грам сомнеж дека по 8 месеци ќе го ограби и ќе побегне. Со ваков проблем се соочил скопјанецот Благојче Петревски (56), кој останал без 3 000 евра, кои наместо за исплата на семеен долг, завршиле во рацете на неговата љубовница. Таа заминала без трага и глас.

Петревски пријавил во МВР. Вели дека не е единствениот измамен од 49-годишната прилепчанка, за која има сознанија дека на сличен начин успеала да извлече пари уште од тројца мажи од други градови.

Еден од тие тројца е прилепскиот вдовец Ц.К. на возраст од 59 години. Бил запознаен со измамничката преку нејзина пријателка. По година ипол заеднички живот, успеала да му извлече 1,6 милиони денари преку банкомат. За измамата дознал, откако отишол до банка да извади пари. И во овој случај, два месеци подоцна, љубовницата заминала, без најава. Парите не ги вратила. Поради тоа тој неколкупати ја пријавил во полиција.

МВР соопштува дека таа заработила кривична за кражба уште во 2014 година. Според СВР Битола и ПС Прилеп, против лицето Л.В. од Прилеп во 2014 година била поднесена е кривична пријава за кражба.

Во билтенот на МВР, од пред две години стои уште една кривична пријава против женско лице со исти иницијали од Прилеп, која од своја вујна украла 84 000 денари. Полицијата поднесла кривична пријава против Л.В. (47) поради сомнение за за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. На 3.12.2017 година пријавената заедно со нејзината вујна Д.П. (82) од картичката на Д.П. извадиле 4.000 денари, по што пријавената ги зела парите и картичката. Потоа, во текот на декември 2017 година од картичката повлекла вкупно 80.000 денари, со што стекнала протвправна имотна корист од 84.000 денари.

Loading