НЕ ЗГАЗНАЛА В ЦРКВА 15 ГОДИНИ, КНИГИТЕ И СЕ ДУХОВНА ХРАНА

mira rakoskaМира Ракоска (61), теолог

Иако е дипломиран теолог, Мира Ракоска (61) повеќе од 15 години не цапнала во македонските цркви и манастири. Оваа прилепчанка, со тетовско потекло и покрај тоа што е предодредена да ја проучува и шири верата, наместо да оди во бројните храмови, близината со Бога ја остварува во домашни услови и со книгите в раце. Не оди в црква, духовната потреба ја задоволува, потонувајќи во литературата со релизгиски содржини. А некогаш служела во прилепската црква Свето Благовештение, потоа во Параклис, од каде, од овие или оние причини, заминала и никогаш повеќе не стапнала. За неа црква која ја признава е Вистинската православна црква од Грција. Според неа, во црквите се прекршуваат Каноните. На младите не им сугерира дали да одат во официјалните објекти на МПЦ, секој да пронајде сопствен пат на духовно исполнување. Живее од пензијата на починатиот сопруг.

– Дома, дома, дома. Со домашни обврски и чување на внучето од синот. Како обичен човек. Димпломата по теологија некако не ми значи сега засега. Сум се нашла во погрешно време, на погрешно место. Едноставно можеби така требало да биде. Времето го минувам со читање книги. Излегувам низ градов ептен доколку е нешто неизбежно. Претежно, овие 15 години, сум дома – вели Ракоска.

Не посетува ниту една цркава како граѓанин, верник. Некогаш била дел од духовното семејство, но суптилно ја тргнале настрана. Заминала без да се заврти назад. Болката, неправдата и зошто воопшто настанал конфликтот е минато за кое не сака да се потсетува и зошто не нашле начин за помирување, простување и надминување на конфликтот?

– Официјалниве цркви, МПЦ и СПЦ се докажа дека се многу надвор од православието, да не речам нешто друго. Поубаво дома, со духовна литература и ништо друго. Со официјалното свештенство, црквите немам никаква допирна точка. Конфликтот го доживеав на идеолошка база дека се отстапува многу, премногу, а не треба ни минимално од Каноните и православието, кое што овде се практикува и не личи на православие. Тука настана конфликтот. Не можев ништо да променам како единка. Што велат: една ластовица, не прави пролет. И најдобро е настрана од сé – вели  Ракоска.

Духовна храна í се само книгите. Нема друго решение. И згаснала желбата да влезе во божјите храмови. И се уништила вербата, доживеала големо разочарување. Не оди ниту во манастирите.

– Во официјалните цркви и манастири кои се под управа или со теолошки термин, јурисдикција на МПЦ или на другите цркви никако не цапнувам. Тука нема духовност и настрана сум од сé. Има Синод кој се држи до чистотото православие, но тоа е надвор од државата. Некогаш човек нема  можности да отиде. Во Грција има Вистинска православна црква, која се труди во денешни услови да ги исполни каноните и правилата на православието. Во моментов не сум во состојба да одам, ниту пак имам патна исправа, пасош. Како ќе ми даде Господ, дома си се посветувам на книгата. Тоа ме храни духовно и толку. Со официјалниве цркви и официјалното свештенство или Владици ништо немам како допирна точка. Како луѓе, добар ден, и ништо друго. На никого немам што да му простувам. Не се работи за лична навреда. Не се согласувам со нивното гледање на православието. Ова сето им го посочував, но одговор немаше на ништо. Си почутуваа, како тоа да е мој став, и продолжуваа по старо. И ред други работи. А православието вели, еднаш ако грешиш, грешиш и во други работи. Не се работи за човечки слабости, не за тоа кој каков свештеник е, за карактерот, тоа е индивидуално. Господ сите не трпи, но отстапување и газење од каноните се коси со православието и ние се изобличуваме, не сме вистински православни, во вистинска смисла. Декларативно сите сме Христијани, но со живот и исполнување на правила и какони ретко кој успева – вели Ракоска.

Не можела тоа да го толерира. Се надевала со голем ентузијазам кога почнало да се обновува монаштвото дека ќе се излезе на правиот пат.

– Кога бев млада како теолог, манастирите во Македонија беа празни. Имаше негде, тоа беа стари монаси Срби или Руси. Кога почна да се обновува монашкиот живот во 90-тите години со млад кадар, мислев дека монаштвото ќе застане да го устројува правиот пат на побожности на православието. Очекував дека тие ќе преземат нешто, а монасите се исти како поповите, владиците, да не речам и бетар. Сметаа дека јас сум таа заскитана овца. Ако е така, тогаш вие терајте по свое. Се тргнав настрана – вели таа.

Немала проблем дека е една од ретките жени што е теолог. Прифатена е како секој обичен човек. На пријателите или другите верници не им сугерира да не одат во ваквите објекти.

– До сега сум немала никави проблем. Некогаш ме чуди тоа што роднините, пријателите, соседите молчешки преминуваат преку тоа. Никој ништо не го интересира. Не ни прашува. На никого ништо не сум му рекла. Во дискусија, некогаш се случило некој да праша во што е разликата меѓу МПЦ и Вистинската православна црква, ако искрено го интересира. Објаснувам за за разликата или каде е отстапувањето на овие цркви. Инаку, многу, многу не  се интересира народот. Стихијно оди. Негова работа и не можам да судам, многу не се интерисира да види дали има разлика или нема – кажува Ракоска.     Не чувствува некаков емоционален товар. Полесно и е што не оди во божјите храмови. 

– Се чувствувам многу помирно затоа што се неблагодарни. Одењето е како во некој музеј, а не во храм божји. Ми недостасува храмот како храм Божји. Не влегувам не само во Св. Благовештение, ниту во Скопје, ниту во Битола, во било која црква ни за крштевка, ни за венчавка, за ништо. Се оградив од сите црковни обреди, зошто се невалидни. Во Вистинската православна црква во Атина, во машки монашки манастир бев пред 5 години. И во Грција се поделени. Има многу Синоди, старокалендарци, новокалендарски… Сите трврдиме дека ние сме во вистинската црква и тоа е страшното – вели теологот Мира.

Духовните потреби ги задоволува само со книги. За празник дома пали кандило. Не ги нарушува ниту постите, како што налага црквата. И цели пости си пости. Од тоа не отстапува.

– Ако не одам в црква не значи тоа дека треба да мрсам. На верниците им порачувам сами да решат. Можеби на некого ќе му се отворат духовните очи и ќе видат. Не е мое да одвраќам некого. Секој верува во тоа што нему му одговара – вели Ракоска.

Практично тоа го доживува како религиски плурализам. 

Edinstvenata zena teolog Mira Rakoska namestvo v crkva e domakinkaМладите се информирани – нека отворат очи

– Денешните верници се доволно информирани. Ги читаме истите книги, ама различно се толкуваат. Тоа е лошото. Некои кои одат в црква, велат знаат дека не е во ред, велат нека му ја мислат поповите, си одам заради Господ. Не можам да советувам. Им велам: си знаеш. Младите се информирани. Знаат што се случува во официјалните цркви. Нека ги отворат очите. Не сум таа што ќе им ги отворам очите и ќе им речам, не одете таму, одете ваму. На никого му немам речено ниту половина збор. Нека си размислува секој за себе. Младите кои одат в црква скоро 90 отсто се едуцирани на духовно поле. Ги следам, читаат книги јас што ги читам, светители или свети отци што црквата ги признава, ама како што рече Господ при очи слепи сме. Не е мое да ги разубедувам – вели Мира. 

НЕПРАВИЛНО КРШТЕВАЊЕ

Мира Ракоска вели дека имало многу отстапување од правилата и каноните во МПЦ.

– Децата неправилно се крштеваа. Ако се работи за нивното детенце, ан свештениците, ќе го крстат правилно, а другите се ,,клиенти,,. Не се клиенти, туку верници, а тие ги сметаат како “клинети”. Ги крштеваа на две – на три (набавтана). Кај Светата Тајна нема делби, таа треба да биде за сите иста. А не за моето дете исправна, па за другото како што ќе ми падне мене во моментот.

Суштината на конфликтот

– Лошото е што не се кажа отворено. Требаше да кажат каде е кај мене пропустот. Не знам зошто од Стара црква ме префрлија во Параклис – Св. Кирил и Методиј, за половина плата, ниту осигурана, ништо. Тоа практично: беше став да си одам дома. До последно не кажаа што е работата. Ме советуваа, тужи ги, но и да поведев спор и да добиев, не се враќав повеќе. Така остана сé матно, со многу недоречености. М можеби поарно е така – вели Мира Ракоска.

Loading