ЕДЕН ПОЧИНАТ, 9 ОЗДРАВЕНИ И 3 ЗАРАЗЕНИ

До средата

На 6, мај, во болницата 8. Септември во Скопје починал прилепчанец на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Ова е 11 жртва на коронависусот од Прилеп.

Инаку, во општинава се евидентирани 3 новозаболени, а 9 пациенти се оздравени од КОВИД-19. По еден излекуван пациент има и во Крушево и во Пласница.

На Инфективното одделение во болницата се хоспитализирани 16 лица. Од нив, 11 се позитивни, а 5 пациенти се во делот за изолација. Заради потешката клиничка слика, двајца пациенти се испратени на лекување во болницата 8. Септември во Скопје.

Во самоизолација се наоѓаат 241 лице.

Loading