ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (45)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Број 10: Запишани деца за првачиња десета генерација за годината 1953/54

Велјаноски Димков Благоја Танески

Јошески Петрев Данчо Котески

Ризоска Боризова Блага – Бошеска

Ристеска Блажева Добрица – Танеска

Анѓелески Јованчев Богоја – Павлески

Ученикот Анѓелески Богоја одеше забаваче и во мината година, оваа година е редовен ученик. Со напуштањето на учителот Киро Миладинов во месец јуни 1953 година, него го замени од први девети месец 1953 учителката Котеска Драгица.

Број 11: Запишани деца за прво одделение во училиштето во с. Марул за годината 1954/55

Атанасоски Неданов Киро Танески, близначе

Атанасоски Неданов Методија – Танески, близнак

Василески Миланов Трајче – Василоски

Велјаноски Ванѓелов Ѓорѓија – Велјаноски

Ѓорѓијоска Дончова Ордена Јанкоска

Јованоски Димитријов Анѓеле Курелоски

Митрески Цветанов Гроздан Крушкоски

Мојсоска Велева Лила Колеска

Ристески Алекцов Илија Јанкоски

Ристеска Ладева Лоза Јанкоска

Ристески Танев Ванчо Танески

Стојаноска Ѓорѓиева Марија Котеска

Ученикот запишан Ристески Танев Ванчо за учебната година 1954/55 пред почетокот на учебната година во колцето од запрежната кола си ја скрши ногата и паузираше една година.

Ученикот со број 4 Велјаноски Ванѓелов Ѓорѓија се разболи во летото 1954 година, доби рак на окото. Го направија операција во Скопје, му немаше спас. На 30.10.1954 почина дома. Воопшто не тргна на училиште.

Rodnite ognista na dede i baba

Број 12 дванаесета генерација запишани деца за прво одделение на училиште во с. Марул годината 1955/56

Атанасоски Алекцов Јосиф Танески

Атанасоски Дончов Сребре Танески

Атанасоска Јованова Верка Танеска

Василеска Трајанова Верка Василоска

Дамјаноски Ристев Јован Дамјаноски

Здравески Атанасов Методија Чонески

Јованоска Венѓелова Аргида Курелоска

Јовческа Ванѓелова Верка Велјаноска

Јошески Петрев Василе Котески

Митреска Јованова Блага Мурџеска

Митрески Степанов Алекцо Мурџески

Мојсоска Ванчова Анѓелина Колеска

Новачески Живков Велјан Димитриоски

Павловски Ацев Гоце од Горните

Павлески Игнев Миле од Долните

Петрески Ванчов Китан Мурџески

Петреска Ванчова Писана – Бабјакоска

Ризоска Боризова Бисера, Горни Бошевци

Ризоска Боризова Даринка, Долни Бошевци

Ристески Танев Ванчо Танески

Стојаноска Ѓорѓиева Спасија Котеска

Ристески Танев Ванчо е запишан за прво одделение, паузираше претходната година поради скршената нога. А додека Стојаноска Ѓорѓиева Спасија беше запишана забаваче и го заврши прво одделение 1955/56 година. Во половината на месецот ноември, учителката се исели во с. Подмол кај своето момче, а во замена во Марул за учител дојде Вузески Љубе од с. Тополчани. Односно тополчанец, а беше учител во с. Лопатица, прилепско. Се работи за годината 1955/56.

Број 13 Запишани деца првачиња во с. Марул за на училиште за годината 1956/57

Атанасоски Јованов Драган Танески

Јованоски Димитријов Јосиф Курелоски

Јованоска Алекцова Зора Курелоска

Јованоски Лазаров Богоја Тодороски

 Јошеска Петрева Павлинка Котеска

Митреска Степанова Дуна Мурџеска

Јовческа Благојева Лоринка Велјаноска

Ристески Дончов Сокле Јанкоски

Ристески Китанов Димче Танески

Ристески Орданов Стеван Танески

Ученикот со број 1 Атанасоски Јованов Драган се откажа од учењето за таа година поради се разболе.

По завршување на учебната година 1957 учителот Љубе Видески службено го напушти училиштето во с. Марул, отиде на ново работно место во Прилеп.

Број 14

Запишани деца за прво одделение од седум годишна возраст во училиштето во Марул за годината 1957/58 како четиринаесета генерација. Оваа школска година на почетокот каснеше еден цел месец поради се немаше најдено учител. За учител беше наименуван Спасе Трајчески. Спасе му е син на поп Толе од с. Подино, поп Толе Подински.

Атанасоски Јованов Драган Танески

Павлеска Игнева Даница Јоноска

Павлеска Јованчева Слободанка Јоноска

Јошески Блажев Дончо Илијоски

Петреска Ванчова Алтана Бабјакоска

Ристеска Блажева Марија Танеска

Ризоски Боризов Гоце, Долни Бошевци

Ристеска Ладева Алтана Јанкоска

Митрески Цветанов Веле Крушка

Ученикот Атанасоски Драган изоставен од учењето во 1956/56 сега во ова година го продолжува неговото школовање во прво одделение. А додека ученикот Митрески Цветанов Веле е запишан забаваче. И така го продолжи неговото школовање со ова генерација. На крајот на учебната година во 1958 месец јуни учителот Спасе Подински службено го напушти с. Марул. 

Продолжува

Loading