ДВАЈЦА ПОЧИНАТИ ВО ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ

На 28 април, не беа евидентирани нови случаи на новозаболени од КОВИД-19 во Прилеп. Но, двајца пациенти починаа за едно деноноќие. На клиниката за инфективни болести почина 58 годишна жена и 63 годишен маж, за кои докторите се бореле за нивните животи две-три недели со помош на механичка вентилација.

Од почетокот на пандемијата т потврдени се 143 позитивни, а починаа 6 прилепчани. Излекувани над 22 пациенти.

На Инфективното одделение во прилепската болница заклучно со 28 април, хоспитализирани се 16 лица позитивни на коронавирус. Двајца се на кислородна поддршка, а останатите се со стабилна клиничка слика. Петмина пациенти се во делот на изолација. Од нив, двајца се негативни на коронавирус, задржани се заради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба, а на останатите тројца земен им е брис и се чекаат резултати. Во самоизолација се наоѓаат 315 лица.

Во Прилеп пристигна донацијата од Министерството за здравство од 32000 заштитни маски.

Минатиот викенд Прилеп спроведе дезинфекција на улиците во сите урбани заедници. Дезинфицирани беа и влезовите и скалилата до највисоките катови на станбените згради.

Loading