УШТЕ ЕДЕН ПОЧИНАТ – ВКУПНО 3

До вторникот

korona

До 14 април, вторник, на Клиниката за инфективни болести во Скопје почина маж на 66 годишна возраст, што е трет смртен случај како последица на коронавирусот во општината Прилеп. Во градов се регистрирани вкупно 85 инфицирани лица, од кои само во вторникот десетмина.

Во самоизолација се 373 лица кои ја почитуваат оваа мерка.

На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани 15 лица. Од нив, 12 се позитивни, од кои две лица се со потешка клиничка слика и со кислородна поддршка. Тројца пациенти се сомнителни на коронавирусот. Земен им е брис и се чекаат резултати. Сите тројца се со средна клиничка слика.

85 часа карантин

Од денеска,  петок 17 април, од 16 часот, градов и земјава ќе бидат во карантин до вторник, 21 април до 5 часот, или вкупно 85 часа. Полицискиот час не важи само за земјоделците со дозвола и виталните служби, како и доставувачите на нарачки во маркетите и рестораните, кои ќе можат да се движат низ улиците.

Loading