ПРАТЕНИЧКАТА СМИЛЕСКА Е ПОЗИТИВНА

smileska

Кети Смилеска, пратеничката на СДСМ од Прилеп, е заболена од опасниот коронавирус. Зенит ја контактираше и таа потврди дека била тестирана и дека била позитивна на заразата.

-Да, тестот ми е позитивен од 13.4. Ја споделувам информацијата за да им помогнам на луѓето, до колку сум имала (мислам дека сум немала) контакт, да се проверат, ако имаат симптоми и да повикам да ги почитуваат препораките и мерките – ни напиша на вибер Смилеска.

Таа е во болницата од саботата кога нејзината состојба се влошила, но сега е веќе подобра.

Смилеска сака информацијата да биде споделена со што поголем број на граѓани и тие да разберат дека станува збор за сериозна работа.

Loading