ДУЌАНЏИИТЕ БАРААТ СПАС ЗА СТАРАТА ЧАРШИЈА

20200406 130004

Дуќанџиите од старата чаршија побараа од Владата мерки за спас бизнисите. Според нив, мерките не се остварливи и реални за опстанок на дуќанџиите. Затоа тие бараат мерки без условувања.

-Исплати на бруто плати за март, април и мај за секој вработен за кој досега се плаќани придонеси, без оглед дали е основач, управител или работник. Нужен е мораториум за аконтации за ДДВ за првото тримесечие од 2020. Замрзнување на кредитите во деловните банки без пресметка на камати и да се остави време трговските друштва да се прилагодат после кризата. Неповратни од 3000 до 5000 евра по фирма за набавка на стока за следната сезона после кризата. Мерките да важат до завршување на кризата. Сопствениците на дуќаните да нé ослободат од плаќање на закупнина во овие кризни месеци – посочи Мариче Најдоска во името на дуќанџии.

Мерките треба да се спас на старата чаршија, за дуќаните кои 25 години сами, без ничија помош, ги одржуваат и кои самоиницијативно ги затворија објектите заради превенција и заштита од коронавирусот.

20200406 124140

Loading