ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (43)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Jovanka DavkovaОд 1975 до 1977 година до летото, училиштето беше претворено за диско на младите. За почетокот на учебната 1977 училиштето повторно беше претворено во училиште поради имаше доволен број за одржување настава. За наставник беше наименуван Уткоски Димче од Битола. Наставникот Уткоски Димче познат беше од порано како резерва, заменуваше некој отсутен наставник во осмолетката Гоце Делчев во с. Канатларци. Учителот Димче Уткоски е деленица од Секуловци од с. Ношпал преселен во Битола. Следните учители се што држеле настава по вториот пат отворањето на училиштето во с. Марул:

1. Уткоски Димче од гр. Битола; 2. Димитар од с. Орле, Мариово; 3. Пеша од с. Чаниште, Мариово; 4. Грозда Сејменоска од с. Бонче; 5. Марија Николова од град Битола; 6. Гоце Перески од гр. Прилеп.

На 26.10.1982 година за куќната слава Св. Петка или Петковден вечерта дома кај моите родители во с. Марул има прилика за средба со учителот Гоце Перески. Во сите наши дискусии ја спомнавме и македонската емиграција село – град Европа, Америка и Австралија.

Гоце учителот тивко изговори: селидбата на Македонецот е катастрофална работа. Поготово печалбарите од Македонија ниту пари ќе донесат, ниту ќе се вратат во Македонија. Неговиот работен однос траеше во нашето училиште до крајот на учебната година во месец јуни 1983 година. Гоце Перески беше последниот учител во с. Марул. Училиштето се затвори за секогаш за одржување школска настава.

Goce PereskiСо ова средба со учителот Гоце Перески на прославата на Св. Петка е доказ за поштовањето на сиот наставнички клер и пред него од страна на сите жители во с. Марул. Вакво почитување било и со свештените лица. Свештеното лице кое ќе преноќеваше во нашето село само си одлучуваше каде ќе оди на конак. А додека лицата од државната служба за преноќевање одредуваше селскиот одборник.

Отворање на првото училиште во с. Марул на македонски јазик во месец септември во 1944 година

Војната иако не била завршена, Владата на АСНОМ издала закон за да се соберат сите деца кои немаат завршено четврто одделение за да го продолжат школувањето. И да се запишат сите деца на возраст од седум години за настава од прво одделение. Училиштата не смее за децата првачиња да биди подалеку од три километри и да нема реки со големи води. Одборот во позадина за с. Марул за да ги исполни тие услови одлучил да се земе една соба од куќата на Јованоски Тодор Бубузо, кој бил член во Одборот за во позадина. Учителката Фанче успеала да собери податоци за децата на возраст до седум години и ги запишала во прво одделение за на училиште. Тоа е првата историска генерација од нашето село што ја започнала наставата на македонски јазик во с. Марул, родени во 1937 година. Оваа генерација е за годината 1944/45.

Број 1

1. Атанасоска Неданова Милица Танеска

2. Дамјаноска Ристева Слободанка

3. Јованоска Крстева Најденка – Јанкоска

4. Јовчески Вангелов Трајан – Велјаноски

5. Мојсоска Велева Траенка – Колеска

6. Анѓелески Ванчов Коле – Павлески

7. Ризоска Боризова Ружа – Бошеска

8. Ристеска Блажева Стева – Танеска

9. Тошески Божинов Љубе – Јолески

10. Бошеска или Ристеска Горица донесена од с. Подмол од Бошевци кај Таневци во с. Марул.

Број 2

Првачиња за 1945/46 родени во 1938 година

Ристески Крстев Ќиро – Танески

Стојкоска Илиева Илина – Стеваноска

3. Петреска Јованова Горица – Мурџеска била запишана за редовно школување, за жал умрела летото пред да почни учебната година 1945/46.

Со завршувањето на учебната година 1945/46 учителката Фанче го напушта училиштето во с. Марул. На нејзино место за учителка доаѓа Квачкоска Менка од Прилеп. Со доаѓањето на Квачкоска Менка за учителка школото се преселува од Тодоровата куќа во куќата на долните Павлевци за поголема просторија. Исто така, тука е осниван АФЖ за с. Марул со помош на Добра Цекоска од Прилеп.

Број 3

Запишани деца првачиња за на училиште за годината 1946/47 родени во 1939 година

1. Атанасоска Неданова Драгица Танеска

2. Атанасоска Неданова Марија Танеска (близначки се)

3. Павлески Ванчов Павле – Петрески

4. Павлеска Јованчева Спасија Јоноска

5. Петрески Петрев Крсте – Бабјакоски

6. Ристески Јованчев Петре – Мурџески

7. Ристески Танев Сребре – Танески 

Број 4

Запишани ученици првачиња за 1947/48 година

1. Василоска Миланова Лоринка

2. Велјаноска Орданова Милица – Танеска

3. Јованоски Крстев Трајче – Јанкоски

4. Јовческа Ванѓелова Петра – Велјаноска

5. Мојсоска Ќирева Дуна – Колеска

6. Павлеска Јованчева Горица – Јоноска

7. Петрески Ванѓелов Раде – Бабјак

8. Ризоска Боризова Ратка – Бошеска

9. Ристески Цветанов Најденко – Мурџески

10. Новаческа Јованова Славка – Димитриоска

11. Тошеска Божинова Катерина – Јолеска

Број 5

Запишани деца за првачиња генерација петта за учебната година 1948/49

Јованоска Цветанова Арса Крушкоска

Василески Трајанов Китан – Василоски

Павлеска Игнева Верка Јоноска

Ристеска Блажева Коца Танеска

Ристеска Ладева Бојана Јанкоска

Маркоски Алекцов Борис Русечки

Јованоски Цветан Крушка пред почетокот на учебната година 1948/49 фамилијарно замина на државна работа во ново основаната селска задруга во с. Дабјани прилепско каде Цветан беше наименуван за директор. Неговото седумгодишно дете Арса прво одделение го започна во с. Дабани. Овде презимето на Арса место Јованоска да биди Митреска. Важи само за Цветановите деца.

Откако братот Цветан замина за с. Дабјани неговата сестра Василка мажена за Алекцо Маркоски во с. Мало Рувци фамилијарно се доселува со мажо Алекцо и децата Борис 1941, верка 1943 и Богоја 1945 кај родителите. Нејзиното дете Борис прво одделение го започнува во с. Марул во годината 1948/49.

Продолжува

Loading