ПОСЛЕДИЦИ ОД ШТИКЛИ

stikli

Жените сакаат да ги носат, мажите да ги гледаат жените со чевли со високи штикли. Модната индустрија е незапирлива во дизајните на чевли, а женскиот род неуморен за празнење на паричникот и купување на нови обувки. Некои жени ризикуваат со болки, плускавци и здрвени модри прсти, бидејќи чувството на задоволство и самодоверба е непроценливо со високите потпетици. Визуелно изгледаат повисоко, позгодно, повитки.

Сепак, секојдневното носење високи штикли го зема данокот на здравјето. Еве дел од многуте негативни последици:

Болки во грбот и рбетот – Различно е чекорењето во рамни удобни обувки и со високи штикли. Високите потпетици целосно го менуваат држењето на телото. Рбетот е крајно оптоварен поради притисокот за стабилност и страда долната карлица. Болките се логична последица.

Ризик од исчашување на зглобови и истегнати лигаменти – Ова е реална опасност, особено со тенка и многу висока штикла. Додуша, зависи од вештината на чекорењето. Некои се навикнати. Другите мора да бидат крајно внимателни при носењето штикли.

Темни и зараснати нокти на стапалата – Огромен е притисокот на ножните обуени во чевли со високи потпетици. Стискањето се засилува ако чевлите се неудобни или малку тесни. Прстите помодруваат поради лошата циркулација. Отежнат е нормалниот раст на ноктите. Можно е зарастување на нокотот длабоко во кожата. Тоа е голем здравствен, хигиенски и естетски проблем.

Оштетување на нервите – Оштетување на нервите помеѓу ножните прсти е поголема ако подолго се носат високи потпетици. Оштетување на нервите може да се појави меѓу кои и да било два прста на стапалото.

Високите потпетици за некои жени се неодолива желба и навика од која не се откажуваат. Затоа постојат неколку начини за ублажување на ризиците и проблеми од високите штикли.

-Ограничено време. КОристење на секоја можност да се собујат чевлие и да се одморит стапалото, макер тоа било и кришум илиако некој некого види бос.

-Особено се ризични екстремно тенките високи штикли (над 9 цм) ата пожелно е да се обуваат чевли со пониска потпетица или полна пета.

-Редовно купка и масажа на стапалата. Нужна е грижете по долго носење штикли. Стапалата се потопуваат во млака вода со морска сол или купка за опуштање. Благо масирање за нормализирање на циркулацијата и нанесување на е хранлив крем за хидратација.

-Внимание на хигиената на стапалата и ножните прсти. Ноктите се одржуваат кратки и чисти за спречување на затемнување или враснување на ноктите во кожата.

-Изборот треба да биде во квалитетни и удобни чевли, дури и половина или еден број поголеми, отколку потесни. Проблемот може да се реши со влошки за чевли.

Loading