ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (41)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Екскурзијата тој сончев ден заврши, си дојдовме дома загладнети, вечеравме кој што најде дома. Нешто покасно заврши и учебната година за 1955. На почетокот на новата учебна година 1955/56, учителката Котеска Драгица си дојде за учителка во с. Марул. Во половината на ноември 1955 веќе се дозна да нашата учителка Драгица Котеска е омажена за подмолскиот учител Славе Бутлески и ќе се пресели за учителка за во Подмол. Подмолскиот учител Славе Бутлески ќе оди за учител во с. Лопатица, а додека лопатичкиот учител тополчанецо ќе оди за учител во с. марул . Кога дојде лопатичкиот учител во Марул, Љубе Вузески во Марул кај учениците имаше расположение према него, ни беше познат од поранешните средби. Учителот Љубе Вузески беше убаво примен во с. Марул. А и тој имаше добар однос према селото и учениците. На сите куќни слави, и свадби и првичиња учителот Љубе бидуваше поканет со по едно јаболко.

vuzeskiЉубе Вузески

Учителот Љубе Вузески беше свирач, гајдаџија. Свиреше на првичињата на Зора Илијоска – Јонкоска во Марул и во Штавица за развратното првиче.  Исто така се покажа и како бербер, честопати постригуваше луѓе, некогаш по куќи, некогаш во училиштето кај него. Исто така беше и добар фудбалер. Си фати девојка, љубовница во нашето село Марул, фалејќи се мајка и на девојчето, ќерка ми многу мала ќе ја исфрли мотиката од употреба. Нејзината фалба не се оствари, ќерка и се омажи мала. За џабе не рекле старите домашниот есап не излегува на пазар.

Во  пролетта 1956 година имаше организирано една голема школска екскурзија во канатларската корија од повеќе селски училишта. Од Бонче, од Подмол, Лопатица, Марул, Канатларци, Ерековци, Клепач, Тополчани, Шелеверци и Алинци заеднички. На ова заедничка екскурзија учениците од четврто одделение имаа час, натпревар по историја. Учениците од Марул го зедоа првото место. Учителот Љубе беше пресреќен од радост, солзите од очите со шамивче ги бришеше. Гордост ми е што ги победивме моите соселани Тополчанци, рече учителот Љубе Вузески. Љубе Вузески беше учител во с. Марул од половината на месец ноември 1955 до летниот распуст во 1957 година.

Учителот Спасе Подински

Учителот Спасе Подински му е син на свештеникот поп Толе од с. Подина, порано во тополечката општина, сега е во Битола. Поради не се сеќаваме на неговото презиме, го нарекуваме Спасе Подински. По заминувањето на учителот Љубе Вузески од с. Марул, селото остана без учител до месец октомври 1957-та година. Властите го донесоја Спасе за учител и така учениците во с. Марул го продолжија своето школување. Со закаснување од еден месец.

Учителот Спасе во селото беше примен со голема почит, имаше тој контакт со сите, поготово со младата генерација во слободното време беше виден, пасење на овци со неговите другари Павле, Нацко, Трајче, Љубе и др. Према учениците беше коректен. Споменатиме омладинци често пати кај него спремаа заедничка гозба. Училницата за селски конференции беше отворена, со огрев во зимата. Учителот Спасе се заљуби со едно црномањесто девојче, така привремено додека му траеше учебната година. Учителот Спасе го напушти нашето село за време на летниот распуст на учениците во 1958 година. Остави спомен учителот Спасе во една фотографија, сликан за распустот со повеќе родители од с. Марул. Сликата ја има во повеќе куќи.

branko seluloskiУчителот Бранко Секулчески од прилепско Алинци

За учител во почетокот на учебната година 1958 во месец септември во Марул дојде Секулчески Бранко. Секулчески Бранко од селото беше прифатен во позитивна работа. Учителот Бранко дојде прв моторизиран учител, имаше моторче Томос. Бранко према учениците и селото се носеше коректно, не правеше некои привилегии, учениците секогаш ги добиваа заслужените оценки. Припремаше приредби како и претходните учители за полугодишните и годишните распусти. За селските потреби, за разни состаноци после наставата училницата стално беше одобрена во зимско време, имаше огрев. Трошокот за осветлување си го сносеа селаните, преку селскиот одборник.

Нагласивме порано Бранко Секулчески за неговото време во с. Марул во училиштето се направи бунарот и на двапати се садеа багремчиња во училишното место. Секулчески Бранко учител беше во с. Марул од 1 септември 1958 година. И се пресели за наставник во училиштето осмолетка во с. Канатларци. Некогаш прапрадедото на Бранко Секулчески му бил брат на Илија Саѓески – Црниот од с. Бонче и со поразот на Али Паша Јанински од страна на султановата војска аскеро во 1769 година и горењето на градот Моско поле во јужна денешна Албанија населен претежно со влашко население. Влашкото население се разбегало во подпелистерските села Нижополе, Трн, Магарево, Гопеш, Крушево и други места. Богатите Власи во новите краеви почнале да откупуваат имоти од турските бегови. Власите крушевски селото Бонче го откупиле за приватна сопственост 95 проценти фамилијата Саѓеска во с. Бонче како да му пречела на влашкото лоби во тоа што синот на Илија Саѓески Петре со неговиот ум разум и мајсторството ги конкурирал влашките мајстори.

Погото во терзискиот и металниот занает калајџилакот. Влашките лоби не можеле да ја поднесат петревата конкуренција, почнале да го навредуваат со изговор дома седи кова, калајисува и алишта шија. Почнале да го викаат Петре шијак и прекар му останало шијаковци.      

Продолжува

Loading