БРАЧНА ДВОЈКА – ПРВ СЛУЧАЈ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИСРУС

ELS 0684

Брачна двојка на возраст над 60 години е првиот случај на заболени од коронавирусот во Прилеп . До средата, до 12 часот вкупниот број на заразени со Ковид – 19 во државава, беше 177 лица.

Само две лица се позитвни на тестот за корона, потврди директорот на Центарот за јавно здравје, Драгица  Николовска. Направени се епидемиолошки анкети на сите примарни контакти и биле земени брисеви според алгоритмите на епидемиолозите.

Според првичните информации, заразената двојка не патувала во странство, туку нивниот син бил вратен од Копаоник. За тоа, дали по враќањето од странство, синот бил во самоизолација или не, дали покрај него има и други лица кои се тестираат, до затворањето на весникот не добивме конкретен одговоор од надлежните служби. Остана да виси во воздух и прашањето, дали одредени институции, служби и одделенија поради можната зараза ќе бидат во карантин.

Воедно, со одлука на Владата која ги засили мерките, сите граѓани, па и прилепчани ги чека викенд полициски час. Се забранува движење за сите граѓани (сабота и недела) од 16 до 5 часот.

Loading