ЛОКАЛНИ МЕРКИ

Ilija Jovanoski

Со оглед на пандемијата на коронавирусот, КОВИД-19, Општина Прилеп презеде низа локални мерки, за претпазливост и заштита на здравјето на граѓаните. Градоначалникот Илија  Јованоски ги задолжи сите стопански субјекти со обезбеден сопствен превоз за вработените, да вршат дезинфекција на превозните средства, повеќекратно во текот на денот и веднаш да извршат редуцирање на редоследот на седење на вработените во автобусите, минибусите и останатите превозни средства со кои располагаат стопанските субјекти. Едновремено во сила се мерките на претпазливост дадени од Министерството за здравство.

Јавниот градски превоз во координација со Општината информира дека, поради новонастанатата ситуација со коронавирусот, од среда 18 март, покрај останатите претходно мерки, укинување на бесплатниот превоз за ученици и возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год), воведува и редуциран возен ред. Односно, автобусите на сите три линии ќе сообраќаат од 6:30 до 9 и од 14 до 17 часот, освен во недела, кога возниот ред останува непроменет. Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници и редуцираниот возен ред, се во согласност со актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита.

LOkalni merki 1

ЕЛЕКТРОНСКА НАСТАВА

Според препораките на Министерството за образование и наука, Прилеп се вклучи во електронската едукација на учениците од сите воспитно-образовни институции, со листи за бесплатно користење на дигитални платформи, апликации и содржини за едукација на учениците. Во секое училиште може да се креира платформа на Google Drive преку која ќе се прикачуваат материјали кои, во согласност со наставната програма, би се учеле во овој период од годината. Целта е да не застане образовната надградба, а во вонредните окололности, учениците да продолжат да се едуцираат во домашни услови, бидејќи образованието е процес, а не чин – информираат од Општината.

Директорот на ОУ ,,Климент Охридски,,, Зоран Сребреноски, истакнува дека училиштето прави напори, онолку колку што дозволуваат условите, за реализирање на дел од наставниот процес преку вибер комуникација на учениците со своите наставници.

– Тешко е, но е единствениот начин на кој што во вакви услови може да се реализира наставата. Секој одделенски раководител по електронски пат ги испраќа содржините до учениците. Вклучени се и родителите, а одделенскиот раководител има повратна информација дали учениците ги реализираат содржините. За дополнителни објаснувања, наставниците се тука и се вклучуваат да се реализира тоа што може, односно да се спаси може да се спаси од наставата – објаснува Сребреноски.

Ваквиот начин на изведување на наставата се спроведува во сите основни училишта во Прилеп.

Lokalni merki 2

Дезинфекција на општинските и државните институции

Во рамки на одлуките на Владата и Министерството за здравство, како и на препораките на градоначалникот Илија Јованоски, за преземање мерки за превенција и заштита на здравјето на граѓаните од коронавирусот, екипи на Центар за јавно здравје ги дезинфицираа општинските и државните институции во градот. До средата дезинфицирани беа општинските основни и средни училишта, објектите на Детска градинка ,,Наша иднина,, и Домот за стари лица ,,Киро Крстески-Платник,,.

Волонтери набавуваат и доставуваат храна и лекови на старите

На телефонската линија 048/401-700, старите, болните, изнемоштените и возрасните лица со хронични заболувања, како и лица со посебни потребни, секој ден од 8 до 18 часот, можат да побараат помош за набавка и достава на намирници за храна, лекови и други средства за лична хигиена и дезифекција. Акредитирани волонтери од општината, опремени со заштитни средства, после телефонскиот повик, ќе ги посетат граѓаните во домовите и со средства од граѓаните, ќе ги набават потребните артикли од маркети и аптеки по избор на самите граѓани и ќе ги достават во нивните домови.

-Целта е да ги заштитиме најранливите категории на граѓани од коронавирусот и да се намали можноста да бидат изложени на ризик од заразување и што помалку да излегуваат од нивните домови. Со оваа мерка, помагаме да се намали протокот, односно движењето на старите, болни, изнемоштени и хронично болните лица во градот, во маркетите и аптеките. Апелирам, граѓаните кои не спаѓаат во овие категории, да не ја злоупотребуваат телефонската линијата. Истовремено, апелирам до сите маркети и маалски продавници да се подготват за онлајн нарачка и достава на артикли до граѓаните во нивните домови. Апелирам на повисока општестевна одговорност и ги повикувам стопанствениците, во овие моменти на справување со коронавирусот, да им излезат во пресрет на социјално- ранливите категории на граѓани, преку донирање на прехрабени артикли и средства за хигиена и дезинфекција – рече градоначалникот Илија Јованоски.

Граѓаните да се однесуваат свесно, совесно и одговорно и да ги почитуваат препораките што секојдневно ги носи Министерството за здравство и Владата.

soopstenie bplnica

Loading