ИЛАЧ ПРОТИВ СИТЕ ВИРУСИ

ilac

Основата на уништувачот на вируси е оцетот со жалфија, мајчина душичка, лаванда и рузмарин, како и додаток на лук. Се нарекува и оцетот на четворицата крадци од Франција, кога владеала чумата. Во епидемијата умреле илјадници, а четворица крадци преживеале иако влегувале во куќите на заразените и ги ограбувале болните и умрените. Разбојниците го премачкувале целото тело со оцет во кој биле натопувани жалфија, тимијан, лаванда, рузмарин и други лековити билки. Така, на крадците им останале главите на рамена, а на поколенијата – рецептот. По 100 години пак дошла чумата, а во лекот се додал и лукот.

На рецептот му се додавале и одземале состојки. Една од додадените е ѓумбирот. Ѓумбир, лук, рен, црвен кромид, лута пиперка, оцет од диви јаболка. Сите состојки во еднаква количина треба да зреат само во оцет од диви јаболчиња. Добиената киселина ги уништува сите вируси и бактерии, ги намалува триглицеридите за помалку од две седмици и целиот организам го закрепнува. Одличен е да се користи и за јадење. Како лек се користи орално трипати дневно по 100 мл, распоредена во еднакви количества.

Состојките се стават во стаклена тегла исполнета со две третини од билките. Сите состојки треба да бидат ситно исечкани, а потоа да се прелијат со оцет од диви јаболка, а не од питоми. Теглата се затвора, а откако материјалот во неа ќе се наталожи, по потреба се додава уште материјал или уште оцет, а потоа не се отвора до крајот на зреењето или три месеци. Само по еден месец може да се користи како моќен лек. Се чува на темно и секојдневно мора да се протресува неколку пати. Ефектите се гледаат за само неколку дена. Одлично е и против астма и бронхитис, вируси, бактерии. Одлично се комбинира со масло од диво оригано.

Loading