ВМРО-ДПМНЕ ќе трча на претстојните вонредни парламентарни избори со четворица кандидати за пратеници од Прилеп во ИЕ број 4. На второто место од листата од 20 кандидати е членот на ИК од Прилеп, Ане Лашкоска, на шестата позиција е претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, а претседателката на Унијата на жени од Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец, се наоѓа на 14-та позиција. Александра Свајќароска пак ќе биде на 20-татотот место во ИЕ 4.
Од листата од 20 кандидати во ИЕ број 4, СДСМ на трето место го кандидира претседателот на општинската организација Миле Талевски и Александар Ѓорѓиоски, кој е на 17-тото место.
Изборите се закажани за 12 април. Околу 63 илјади граѓани ќе можат да гласаат на 142 изборни места.