КАНАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ВАРОШ ПО 60 ГОДИНИ

Vera Prisaganec Varos kanalizacijaШест семејства со свои домови на дел на главната улица ,,Орде Чопела,, во Варош добијаа приклучоци за фекална канализација по 60 години. ЈКП Водовод и канализација изгради за неколку дена канализациона линија од 150 метри со приклучок во колекторскиот систем.

Жителите се среќни оти со децении биле жртви на непријатни мирзби од водите што се излевале низ соседните ниви или се мачеле со септички јами.

-Се куртуливме од непријатната реа. Баравме со години, а водата течеше и смрдеше. А работата се заврши за една недела. Сега е многу добро – вели Вера Присаѓанец.

Branka Stojanoska varos kanalizacija-Живевме во смрдеа. Не можевме надвор да седнеме лете. Немавме септичка јама. Дури алиштата да ги извадиме за сушење ќе се замирисаа. Сега се спасивме – вели Бранка Стојаноска.

Директорот на Водовод и канализација Емил Јанески вели дека останува во канализационата мрежа да се поврзат уште неколку куќи од улицата ,,Пчиња,, со што целиот град ќе биде покриен со канализација.

Loading