Видео: АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

video-corona

1. Се апелира до сите граѓани да го намалат движењето во институциите, освен за итни и неодложни работи.

2. Се апелира до сите граѓани на општина Прилеп, движењето надвор од своите домови да го сведат на минимум, единствено за неодложни и итни потреби.

Особено да се избегнува посета на угостителски објекти, паркови, отворени и затворени простори со капацитет за собирање на поголема група на луѓе.

3. Упатуваме апел до граѓаните на општина Прилеп, информациите поврзани со новонастанатата ситуација со COVID-19 (корона вирус) да се црпат исклучиво од Министерството за здравство, поради тоа што лажни информации креираат паника меѓу населението.

4. На сите лица кои биле надвор од територијата на Република Северна Македонија и на граѓаните кои се сомневаат дека имаат симптоми на корона вирус, им се препорачува да се јават на следните броеви:

Центар за јавно здравје – Прилеп: +38976475747

Повикувачки центар „Ало докторе“: 02-15-123

Loading