МЛАДОСТ НЕЗАДРЖЛИВ

Пинг-понг

Промени нема во продолжението на првенството во пингпонгарската Супер лига. Лидерот на табелата, Младост, со 4-2 го совлада шампионот Вардар од Скопје, со две победи на Јочкоски, една на З. Јованоски, една во двојки на Јочкоски со А. Штаргоски.  Екипата Младост 96 беше слободна. Во наредните кола Младост игра со Телеком и Работнички, Младост 96 со Радовиш и Телеком.

Табела: Младост 14, Шампиони ФА 13, Работнички 11, Младост 96 – 10, Радовиш, Телеком и Вардар по 9.

Loading