ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (35)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Веднаш почнале да се копаат темелите за училиштето. Се донесле камењата од џукевата куќа и од огратчето. Се турнала ѕидината од кулата ремџијова, се донесло песок од реката марулска долу од метилајца, се донесле циглите и ѓерамидите од цигланата кај Могилата. Се донесол варот од возот од Бакарно гумно, кај с. Тројкрсти. Сето ова било спремано и се чекало пролетта во 1947 година. Сета оваа работа се изведувала ангарачки, селото учествувало со помош при градбата на училиштето 90 отсто. Штотуку пукнала пролетта во 1947 година се одпочнало со градбата на училиштето, мајсторите ги донесла државата со платена дневница кои биле во кулата на Ванчо Павлески, Горните Павлевци. За поблизу да вадат на бунарот од долните Павлевци и павлескиот кладенец кој се наоѓа во близината на градбата на училиштето. Мајсторите храна сами си спремале на трошок од своите плати. Мајсторите работеле по осум саати дневно од понеделник до петок во сабота и недела биле слободни, си оделе дома при своите фамилии. Према потребата во работата, во градбата на училиштето државните власти ангажирале и ударнички младински работни акции како од селото, исто така и од надворешниот свет, неплатено.

Се работело интензивно преку целата година, во 1947 година. Кога дошло времето да се донеси дрводелијата за покривот властите, селскиот одбор наредиле покривот, гредите биле носени од с. Бучин, бичени и сечени гредите по мера кои биле конфискувани од приватни лица и од с. Журче, демирхисарско. Марулчани биле одредени со своите запрежни коли и целиот материјал бил навреме донесен. Се имаше поставено парашање, што ќе беше ако некое лице ја одбиеше наредбата. Одговорот беше вака: можеше да се одбие само со оправдани причини, иначе ќе беше забележан како државен непријател. Одговорноста ќе ја пресудеше државното судство.

До крајот на летото училиштето е соѕидано и покриено. Се почнало средување, малтерисување на внатрешноста и на надворешната просторија на училиштето. Таваните на училиштето се сработени на следниот начин: долната страна на таваните на гредите се ковани колците (трската и малтерисани со мешан вар и песок), а додека горната страна на гредите на таванот послан е со штици и мачкан со растопена кал црвеница за слободно одење над таванот. Училиштето односно училницата со нејзиниот ходник се повисоко подигнати од другите собни одделенија на самото училиште.

Училницата има најголема квадратура од сите училишни простории со голема висина, преку четири метра со подрум, подот лежи на дрвени греди. Со високи ѕидови на ходникот, со бетониран ходник. Вратите за во училницата и подрумот се на западната страна, подрумот има две мали прозорчиња, на јужната страна на зградата односно училницата. Во подрумот се влегува со неколку скали. Надворешната врата за во ходникот и училницата се двојни. Училницата има три прозорци на јужната страна со двојни прозорци со по 12 стакла од прозор.

Ходникот исто така има три прозорци со по 12 стакла или предели во простор. Од ходникот на училницата се влегува во училишниот магацин. Подот беше со дрвени греди прицврстени во сувата земја. На гредите беа ковани подните штици. Вратата на магацинот е еднокрилна. Прозорецот се наоѓа на северната страна како и прозорците на ходникот со иста големина, димензија со 12 стаклени предели. На таванот во ходникот има отвор за качување, ако има потреба исто така имаше скала према висината на таванот. Од надворешната страна за во ходникот се качува по скали. Училницата е поткрената поради влага. Подрумот служи за сместување на дрвата за огрев.

Пониската зграда на источната страна со исти темели и ѕид беше наменета за соба за одмор на наставицникот, соба за кујна и магацин за кујната. Оваа зграда е пониска од училницата и има четири одделенија. Едната соба ја опишавме како магацин за училницата и се влегува од ходникот на училницата. Трите соби на зградата имаат заеднички ходник. Подот на трите соби е подигнат над површината на земјата и послан со штици кои се ковани на греди. Гредите се прицврстени во насипот на земјата, а додека ходникот е бетониран.

Сите простории, соби си имаат свои отвори, дупки за печки. Бојата на вратите и прозорците е “е сем бе”, војничка. Секоја соба има посебен прозорец. Северната соба магацинот за прехранбени артикли, прозорецот е на север, а додека прозорците на кујната и спалната му се на јужната страна. Сите прозорци на училиштето се дупли со по 12 прегратки, во прозор 10 прозори по 12 стакла, тоа се вкупно 120 стакла. Сето училиште од надворешната страна во ширина од едно метро има турено измешан вар со песок за да избегнува водата што капи од капајцата од стрејата да не влегува во водата директно во ѕидот на темелот на ѕидот на училиштето. Додека се работело во изградба на училиштето вар доаѓал готов, гасен. Стално секој ден имало по една запрежна кола одредено од селскиот одбор како дежурна кола за носење вода со буриња за мешање на варот со песокот за ѕидање и малтерисување на училиштето. На училницата на ѕидот од северната и јужната страна има по еден прозорец за светлина, никогаш му се нема поставено прозорци од стакла. Гулабите внатре лежеа и се квачеа.

На училиштето на јужната страна на прозорците имаше една метална правоаголна плоча со името на училиштето. На источната страна на ендекот имаше направено дрвен клозет. Во пролетта 1948 година училиштето било опремено со сите потребни работи за настава. Со 18 клупи, три редици по шест клупи за по три ученици во клупа. И две посебни поголеми клупи за повозрасни кои беа последни во редот на клупите, две маси за наставникот и столица и една црна табла за пишување со креда.

Едната страна се редови, едната страна празна со редови. Една голема државна географска карта и една помала републичка карта. Еден бројалник со сто нанижани дрвени прешлени, една слика на претседателот на државата Тито и една слика со ликот на името Велјан Новачески, патронот на училиштето. Марулски борец 1923 – 1944г., служел во 10-тата МНОУБ и загинал при заземањето на прилепските касарни, на 26 ноември, барем така пишува на неговиот мермерен споменик на крстот. Со менувањето на прилепска околија во битолска околија, таблата беше симната и ставена во подрумот, сега ја нема ни во подрумот.            

Продолжува

Loading