ШЕСТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ И ВЕЛОСИПЕДИ

Локалните власти ќе субвенционираат набавка на клима уреди со инвертери и на велосипеди со сто илјади евра за намалување на загаденоста на воздухот. Членовите на советот дадоа виза за правилникот за надоместување на дел од трошоците.

Според Миле Талески, претседател на Советот,  издвоени се шест милиони денари, од кои четири милиони за субвенционирање на клима-уреди и два милиони денари за велосипеди.

-Ќе се субвенционираат 50 насто од трошоците, најмногу до 10 000 денари за инвертери и 5000 денари за велосипеди. Постапката за аплицирање ќе биде по принципот ,,прв дојден, прв услужен” – изјави Талески.

Loading