СЕКЕ ЌЕ ГРАДИ УШТЕ ЕДНА ФАБРИКА ЗА ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА

Кај Алданци

Грчката компанија за преработка на тутун СЕКЕ склучи договор со локалната самоуправа на Крушево за простор за градба уште  на една фабрика кај селото Алданци. Пред неколку години Грците вложија неколку милиони евра за модерна фабрика за преработка на тутун кај селото Алданци од каде преработуваат неколку илјади тони.

Сега станува збор за нов простор од околу 23 илјади метри квадратни, веднаш до постојниот објект,каде ќе се гради нов капацитет на 18 илјади метри квадратни во кој ќе се вложат околу три милиони евра. Градбата треба да почне при крајот на годинава

Оваа грчка компанија која преработува тутун од неколку илјади кооперанати се проширува, бидејќи гледа перспектива за развој и потенцијали за подем во доменот на прерботката на тутунот. Дури, Грците лани експериментално откупиле десетина тони лути мали пиперки, кои како полуфабрикати се пласирани на доработка во Грција. Ова укажува дека не е исклучена можноста СЕКЕ, покрај тутунот од прилепското поднебје, да откупува и обработува до финални производи и зеленчук од околните производители.

Loading