СТЕЧАЈ ИЛИ РАБОТА?

Еурокомпозит

kompozit

,,Бидејќи ситуацијата е многу тешка, нема работа, ниту струја во Еурокомпозит, Владата да излезе со решение за проблемите на 64 вработени во државната наменска фабрика кои со години не зеле плата,,.

Ова го бараат вработените кои протестираа пред фабриката.

Роберт Богданоски, претседател на синдикатот оцени дека состојбата е драматична.

-Крајно време е да се одгатне дилемата, фабриката ќе работи или ќе оди во стечај. Владата ги зголемуваат платите на администрацијата, а не сака да го реши проблемот на 64 вработени кои се на работ на егзистенцијата. Бараме чесно да ги одработиме парите. Зедовме дел од заостанатите плати, а плати нема за цела 2019 година – вели Богданоски.

Работникот Зоран Божиноски, во името на работниците, најавува протест во Скопје и запознавање на амбасадите за ситуацијата.

-Ќе ја тужиме државата како сто отстотен сопственик на фабриката  рече Божиноски.

Уште 154 вработени, прогласени за технолошки вишок, бараат да им се платат заостанатите придонеси.

Loading