КОМОЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ

Милион евра за реконструкцијата на булеварот ,,Гоце Делчев,, и…

Булеварот ќе биде без паркинг

Ќе се зачуваат дрворедите

Велосипедска патека и ленти за слепи

0

Во тек е реконструкцијата на булеварот ,,Гоце Делчев,, од споменикот Карпалак, односно крстосницата со улицата ,,Браќа Ламески,,, до маркетот Тинекс. Проектот опфаќа реконструкција и на дел од улицата ,,Прилепски бранители,,, од некогашната Градска кафеана, до кружниот тек пред Поштата. Булеварот ќе се обнови на 560 метри, а улицата ,,Прилепски бранители,, ќе добие нов лик на 280 метри. Реконструкцијата ќе чини околу еден милион евра, а градежните работи ќе завршат до крајот на летото.

– Булеварот ќе има две коловозни ленти во едниот правец и две во спротивниот, меѓусебно одделени со зелен појас во кој ќе биде поставено осветлувањето, додека улицата ,,Прилепски бранители,, ќе има три коловозни ленти – изјави градоначалникот Илија Јованоски.

ELS 0045

ELS 0003

ELS 0051

2.1

Ќе останат постојните дрвореди на булеварот. Ќе бидат изградени велосипедски патеки, а пешачките зони, тротоарите, ќе се обноват со гранитни плочки. За безбедно движење на слепите лица, ќе бидат поставени тактилни траки.

Прилеп треба да се гордее, бидејќи многу години се очекува современ булевар со пешачки и велосипедски патеки, на кој нема да биде дозволено паркирање на возила.

Јованоски најави изградба на монтажна гаража на два ката меѓу општинската зграда и поштата и на просторот зад некогашната градска кафеана за обезбедување на доволен број на паркинг места.

4.2

Златко Талески, инженер на изведувачот, Изофас, рече дека постојното осветлување од левата и десната страна на булеварот ќе биде заменето со централно осветлување и дека тактилните ленти за слепите лица, кои за прв пат се поставуваат, ќе бидат поставени на патеката за пешаците. Тој откри дека првпат ќе биде поставена хоризонтална сигнализација со осветлување на долниот дел од пешачките зебри со светлечки семафори.

5.1

7.2

 

Loading