ВИТАМИНКА ВО КЕЛН

Осма година

1

Витаминка имаше успешно претставување на својот асортиман на производи на најголемиот саем за кондиторски производи – ISM 2020 во Келн, Германија што траеше до 5 февруари. Саемот претставуваше одлична можност за претставниците на најголема компанија која работи во прехранбената производствена индустрија да ги продлабочат односите и соработките, како и да остварат нови контакти со потенцијални дистрибутери ширум светот.

Настапот на саемот е од големо значење за изложувачите, затоа што се обезбедува успешно пробивање до светските пазари. Витаминка традиционално активно учествува на овој престижен саем осум години по ред и се претставува со целиот асортиман на грицки и слатки производи, кои  предизвикуваат особен интерес на посетителите и на деловниот свет. На тој начин компанијата го потврдува континуираното вложувања во асортиманот и квалитетот и креира конкурентна понуда за задоволување и на најспецифичните барања на потрошувачите, олеснувајќи го патот до глобалниот пазар.

2

Оваа година на ISM беа преставени и најголемите технолошки иновации и сите трендови во кондиторската индустрија, со главен фокус врз потребите на потрошувачите и стимулирање на компаниите за проширување на својот спектар со нови и иновативни производи што ќе одговорат на барањата на консументите.

Во Келн годинава учествуваат повеќе од 1600 производители од 65 земји од светот со повеќе од 38 000 посетители од 140 земји од светот, на простор од 120 000 м2.

Loading