СЕКУНДАРНАТА ГАСИФИКАЦИОНА МРЕЖА ВО 2021 ГОДИНА

Примарната гасификација во Пелагонискиот регион на потегот Прилеп -Битола треба да биде завршена до крајот на оваа година и спрема проектот во 2021 треба да се прави секундарната гасификациона мрежа во сите градови во државата.

– Општината е во фаза на проектот за секундарна инфраструктура, која изнесува околу 20 километри во нашиот град. Идејниот проект и проектот за инфраструктура е направен, во тек е постапката за основниот проект за инфраструктура за овие 20 километри и тендерот со фирмата која што го изработува овој проект до крајот на март или април комплетно ќе го имаме. Уште беше дилема дали секундарната гасификација во градовите ќе ја прави секоја општина засебно, или тоа ќе го прави државата генерално за сите општини во Македонија. Баравме пред Нова Година да знаеме точно дали треба самите да ја правиме таа секундарна гасификациона мрежа, да издвоиме средства во буџетот за оваа година. Ни беше кажано да не издвојуваме средства, тоа најверојатно ќе го прави државата и се надевам дека годинава ќе избери изведувач на секундарната гасификациона мрежа низ сите градови во државата, за во 2021 да почне со изведба на оваа мрежа – изјави градоначалникот Илија Јованоски.

Loading