ВОДА ОД ЧЕШМАТА НА БОМБОЛ ЗА ТРЕСКАВЕЦ

Од чешмата што ја изградил Христо Бомбол во 19 век, треба да се обезбеди вода за манастирот Трескавец кој изгоре пред седум години, на 4 февруари, а сега речиси компелтно се обновени опожарените конаци. Бидејќи нема вода, манастирскиот комплекс не можат да го користат ниту туристите, ниту верниците. Според отец Калист, кој е единствениот жител на манастирот, проектот за водоснабдување е направен уште 2012 година.

– Интензивно работиме на обезбедување на финансиски средства за  водоснабдувањето. Проектот е од 2012 година, изготвен од локална самоуправа, а е вреден околу 108.000 евра. Инвеститор е општината Прилеп. Станува збор за изградба на каптажа во Расадникот, на старата чешма градена уште во 1827 година од Христо Бомбол од Прилеп. Оддалеченоста е околу 500 метри и водоводот треба да се качи до Трескавец, низ карпите каде треба да биде изграден новиот резервоар со капацитет од околу 90 метри кубни вода. Се надеваме, доколку напролет се обезбедат средства,  да може до празникот Голема Богородица во август да се пуштат во употреба обновените конаци – изјави во ноември отец Калист.

Три и пол години се градат новите конаци за околу два милиона евра од Министерството за култура. Српската фирма Кото инженеринг, есента работеше на ентериерот, активностите ќе продолжат на пролет по зимската пауза. 

Градоначалникот Илија Јованоски изјави дека локалната самоуправа ја препратила документацијата до Министерството за транспорт и врски и се надеваат дека проектот од 6 милиони денари ќе биде финансиран.

Останува, конзервацијата на црквата Успенеие на пресвета Богородица во манастирскиот комплекс. Манастирот бил запален и во 1867 годиина и на 9 јануари 1991 година. Манастирот е на надморска височина од 1.200 метри.

Loading