ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (31)

marul 1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Од првата генерација кој посетувале вечерна наука за време на учителот Грујо Шијако за време на Првата светска војна 1915 – 1918 година ситуацијата се изменила. Некои умреле, некои се исселиле, помалце преживеани останале вечно да живеат во селото Марул.

Умрени

Велјаноски Велјан Ганачо Гулабоски, Дамјаноски Васил, Јованоски Тале Курела, Здравески Јошески Крсте Голабаро, Мурџески Јован, Мурџески Митре, Дојчиноски Каранфил, Кормакоски Тале, Павлески Стојан, Танески Велјан, Гулабоски Огне.

Исселени од Марул

Јанкоски Стојан, Колески Јован, Колески Ризо, Стојаноски Тодор.

Останати преживеани во Марул

Дамјансоки Дамјан Гулабоски Димитрија, Колески Крсте, Мурџески Петре, Танески Ризо, Стојаноски Илија.

Оваа втора самоука генерација за писменост исто така настрадала за време на војната 1915 – 1918 година на фронтовите некои кои преживеале се исселиле, а некои останале верни доживотно во родното с. Марул.

Убиени на фронтовите

Атанасоски Стојчев Сребре, Дојчиноски Каранфилов Стојан , Гулабоски Стеваноски Огнев Трајче, Јанкоски Ѓорчев Трајан, Кормакоски Маковецот Најдо, Мурџески Јованов Стојан, Мурџески Митрев Боне.

Исселени

Колески Јованов Трајче, Павлески Стојанов Боне, Павлески Стојанов Илија, Џелиноски Цветков Крсте, Џелиноски Цветков Јован, Џелиноски Цветков Петре.

Останати во Марул

Атанасоски Стојчев Мице, Атанасоски Ризов Трајан, Дамјаноски Василов Јован, Јанкоски Ѓорчев Ристе, Јовчески Велјанов Ристе, Мурџески Митрев Ристе.

Трета генерација

Оваа најмлада генерација како малолетни деца во војната која имала контакт со војската при кујната и казаните за храна и кои имале повеќе интерес околу писменоста се следните личности:

Јанкоски Ѓорчев Богдан, Јованоски Анѓелев Димитрија, Јованоски Талев Тодор, Јовчески Ристев Гроздан, Јовчески Ристев Ванѓел, Павлески Јованов Богоја Ѓакоски, Павлески Петрев Ванчо, Мурџески Стојанов Видан, Новачески Гулабоски Димитријев Јован, Стеваноски Гулабоски Огнев Младен, Стеваноски Гулабоски Огнев Новаче, Ристески Танески Стојанов Крсте, Ристески Танески Велјанов Димко.

Умрени

Јовчески Ристев Гулабоски Гроздан, Стеваноски Гулабоски Огнев Младен, Стеваноски Гулабоски Огнев Новаче.

Исселени

Павлески Јованов Богоја Ѓакоски, Мурџески Стојанов Видан.

Останатите лица се задржаа доживотно во родното с. Марул. Јанкоски Богдан, Јованоски Димитрија, Јованоски Тодор, Јовчески Ванѓел, Павлески Ванчо, Новачески Јован, Ристески Крсте, Ристески Димко.

По завршувањето на Првата светска војна преживеаните марулци како полуписмени без документација од времето на учителот Грујо Шијако прва генерација од с. Марул со вечерно учење почна да управуваат со селото за сите потребни работи.

Дотогашната ситуација се изменила во Марул. Повеќе од преживеаните војници на фронтовите си дошле дома со знаење да пишуваат , потпишуваат и читаат писмо. Исто така младите деца, момчиња во контакт со кујните и куварите поднаучиле да пишуваат и читаат од туѓите војници. Сето ова речено со еден збор да с. Марул се здобило со кадар кој повеќе да ги разбира,чита и тумачи сите државни административни работи, писма кои доваѓаат до жителите во с. Марул. Нема повеќе како порано за еден документ добиен од властите да се оди во Прилеп за да му се прочита содржината на писмото, а додека за читањето на писмото странката да плати такса.

Времето го носи своето, одминува. Генерациите се менуваат. Постарите одговорноста му ја препуштаат на младите генерации со избор на способен кадар да раководи за сите потребни работи во селото.

Генерацијата како деца од Првата светска војна пообразована генерација соработувала со движењето за време на НОВ каде има основано селски одбор за позадина за помош на македонските воени единици на НОБ. Такви лица беа Атанасоски Мице , ЈованоскиТодор, Новачески Јован, Ристески Крсте и курирот за поздаина Василоски Милан Борачо.

И ова втора самоука писмена генерација за време на колективот 1949 – 1953 година им ја одстапи одговорноста за селото Марул на првата школована генерација со завршено четврто одделение и генерација од НОБ.

Комшиите Јанкоски Богдан и Јовчески Ванѓел како самоуки со писменоста од Првата светска војна толку што беа сплотени околу писменоста од пазар дома без купена новина не си  идеа. За новина мора да има пари, а додека за другите потреби за во куќата колај бидува, ќе се надокнади во наредниот пазарен ден.

За време  на празниците со новините в раце по цел ден ќе седат на чајрот и ќе ги преиспитуваат новините, а понекогаш и ручекот го забораваа. Така беше се до несреќниот случај со Богдан режејќи една јасика во месец март во 1952 година го усмрти една гранка од јасиката. Ванѓел како пазарџија дома без новина не си идеше. Ако види да газиената ламба е зафатена, со новината в раце оди во пондилата кај добитците, го зема кандилото или фенерот ако е потребно и оган ќе развали и додека не ја прочита новината не си легнува да спија.

Ванѓел самоук во писменоста ги владееше двете писмености, кирилицата и латиницата подеднакво. Честопати за време на полската работа по нивјето во летниот период ветерот ќе носи некоја новина. Ванѓел ја напушташе работата и со капата в раце ќе трча по новината се додека не ја фати.  Мајка ми ќе му рече срамота е од народот кој те гледа да трчаш по новината. Тој и даваше одговор секоја непрочитана новина носи новости. Често пати се случуваше ѕевгарот спрегнат в кола или во плугот за орање го запираше за орање, го запираше ѕевгарот со остенот пред нив и ќе трча по новината се додека не ја фати.

Продолжува

Loading