ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (30)

marul 1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Стојан бил погребан со сите христијански адети во пределот на Котеските гробишта во с. Марул. Крстен по неговиот прадедо заминал во вечноста. Заминало и потомството на неговиот татко Илија од првиот брак. Со трагедијата на Ванѓел и Стојан во таа година, 1922 се внесол голем страв кај сите жители во Марул и се донела одлука да нема воловарчиња, туку ѕевгарите волови да пасат со пашитите селски говеда затоа на селсксиот говедар да му се плати екстра руга. За потреба на ѕевгарот стопанот да ги бара кај говедарот. На таков начин завршил Стојаноски Стојан 1914 – 1922 година. Вирот во грамада не престана да важи и по давењето на малиот Стојан Котески.

Во летно време вирот беше преполн со деца за капење да воловарчиња до слободни деца чувари на своите имоти дома. За нашето време во педесеттите години од минатио век во летниот период престојувавме повеќе денови неделата во вирот во грамада. Вирот во грамада за нас децата беше Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро. Се капеме и сончаме на толите плазики.

Подмолските воловарчиња немаа вирови во својот сињор и често пати доваѓаа во грамадата за капење. Марулските деца имаа повеќе вирови за капење. Во грамада во Орев во Гарник во Горни Превалец во смесите и во реките сите овие вирови достигнува должина 10 метри, ширина 6 метри и длабина преку два метри. Вирот во грамада во должина беше 10 метри, ширина до 7 метри и длабочина до 2,5 метри. Со чиста изворска речна вода која истекуваше од вирот надолу по течението на Граматската река. Секогаш беше одржуван и доградуван. Не се заматуваше. Од трите страни беше заграден природно со камен плазика. Према истекот на водата беше доградуван и одржан. Наминав пред десетина години, вирот е упропастен, водата намалена, кладенецот разрушен, жална слика и за вирот и за кладенецот и за деца каде нема да се слушни дечки жагор.

Политика

Со тајната турнеја на прилепскиот војвода од илинденскиот период Петре Ацев илегално дојден од Бугарија преку граница во Вардарска Македонија каде што имало прилика оснивал нови комитети на ВМРО за ослободување на Вардарска Македонија од српскиот режим. Таа негова турнеа во соработка и подржан од видни проверени доверени лица на војводата Петре Ацев предводени од војводата чичко Даме Попоски од с. Долнени. Гроздан Шијакоски од с. Лопатица, прилепско, Павле Кебакоски од с. Кадино село, Крсте Јанчески од с. Загорани , Диме Мустрески од с. Чумово, Атанас Џамо од с. Прилепец, Милан Ѓурлуко од с. Кривогаштани и други личности на 22.12. 1922г. дојдоа вечерта во с. Марул во кулата на бегот Тефик Утоски и во присуство на повеќе личности од с. Марул како Јанкоски Ѓорче, Грујоски Митре и Ѓорче Колески Боше, Мурџески Петре, Павлески Јован, Здравескии Никола Галабаро и други се оснивал комитетот на ВМРО за с. Марул од четири членови:

Јанкоски Ѓорчев Ристе за војвода на ВМРО

Јовчески Велјанов Ристе за секретар и благајник на ВМРО

Мурџески Митрев Ристе за курир на ВМРО

Петрески Петрев Велјан стража на ВМРО

Сите овие членови во 1923 година паднаа затвор.

Податоци за целокупната 1922 година

Родени:

Василоска Стојанова Кита

Јошески Петрев Никола

Јанкоска Петреска Петкана

Женети:

Танески Стојанов Крсте за Бучиноска Стојна од с. Ношпал

Мажени:

Здравеска Стојанова Пауна за Кржески Неданов Толе с. Подмол

Ѓакоска Павлеска Јованова Менка за Чолако Мице с. Мојно

3. Јовческа Велјанова Велика за Гудески Илија с. Добрушево

Умрени

Јошески Петрев Никола, мало дете

Стојаноски  – Котески Илиев Стојан, удавен

Стеваноски Гулабоски Огнев Новаче

Отидени војници

Петрески Велјанов Петре

Мерени за војска

Атанасоски Стојчев Ристе

Јошески Николов Петре

Новачески Димитријев Јован

Ристески Стојанов Крсте

Говедар

Јованоски Митрев Илија

Овчари:

Дамјаноски Ристев Дамјан

Ристески Танески горни Стојанов Крсте

Танески Атанасов Ризо и Стојчев Ристе – Атанасоски долни

Колески Петрев Стојко

 Јанкоскии Ѓорчев Крсте

Петрески Велјанов Аце Бабјак

Одборник

Гулабоски Новачев Димитрија

Протуѓер

Колески Грујов Боше

Полјак, падар

Јанкоски Ристев Ѓорче

Клисар притруп

Павлески Анѓелев Јован

Каснат од змија

Јовчески Ристев Ванѓел преживеал

Свештеник, поп

Поп Перасан од Прилеп 3/3 до месец септември 

Поп Неделко Грујоски од с. Ношпал ¼ од септември

Просветно лице, учител, наставник немало

Можеби премногу се одалечивме од темата просвета во с. Марул. Сепак се трудиме нешто да покажеме за моралот и трудот на марулскиот народ за излезот од тоталната економска катастрофа од војната 1915 – 1918 година. Со труд, трпение селото почнало да напредува во сите гранки освен непризнато националното битие.

Веќе во с. Марул покрај стопанскиот развиток марулци се одлучите да го збогатат и марулското поднебје со животински свет. Така во 1925 година селото се здобило со педесет гугутки, ние ги викаме гугучки подарени од прилепските воденичари – мелничари.

Во истата година 1925 за верскиот празник Св. Мала Богородица на средселото бил изложен првиот современ метален плуг купен од страна на моќниот Танески Стојче. ВО 1927 година се изградил, покрил тремот на марулската црква во Св. Мала Богородица каде што полуписмениот Танески Мице за спомен во малтерисувањето ја напишал со броеви годината која и ден денес стои и сведочи за тоа време.

Продолжува

Loading