ПРВОТО БЕБЕ Е МАШКО

Во Новата 2020 година

Bebe 2020

Неполни три часа од Новата 2020 година, во болницата се роди машко бебе. За мајката Весна Стојкоска ова е трето рожба.

-Ова ми е трето машко дете. Задоволна сум од персоналот, од целата екипа. Бебето е добро, породувањето мина во најдобар ред – истакна Стојкоска.

Специјалистот д-р Изабела Чочева -Талеска рече дека само десетина минути по првото бебе, се родило уште машко бебе.

Градоначалникот Илија Јованоски на првороденото бебе и неговата мајка им врачи подароци и парични средства.

Loading