ПОСТАПКАТА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ФК ПОБЕДА

На крајот на 2019 г. донесен буџетот за 2020 година

Sovet 1

,,Вкупните приходи на буџетот на Прилеп за 2020 година се проектирани на 1.538 милијарда денари и се за 11 отсто поголеми од претходната година. Приходите, пак, на Основниот буџет се 684 милиони денари, што претставува зголемување за 21,22 отсто,,.

Ова го истакна градоначалникот Илија Јованоски во Советот на општината по однос на предложениот општински буџет за 2020 година.

-Во буџетот за 2020 година, 173,5 милиони денари се за изградба и реконструкција на улици и локални патишта, во кои спаѓаат реконструкцијата на мостот на улица ,,Трајко Николоски,,, зимското одржување и одржување на хоризонталната и вертикална сигнализација. Потоа 50 милиони денари за базенот и 45 милиони денари за градинката во Точила, 36,6 за реконструкција на булеварот ,,Гоце Делчев,,, 30 милиони за Старата прилепска чаршија, 37,6 милиони денари за изградба и одржување на паркови, зелени површини и јавната чистота и слично – напомена Јованоски.

-Буџетот е развоен. Тоа го потврдува фактот дека 56 проценти се наменети за капитални инвестиции, истакна претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски.

Покрај капиталните проекти, тука се ставките за помош на социјално загрозените категории граѓани, пред сé, преку мерката за субвенционирање од 5м/3 од сметката за потрошена вода.

-Од аспект на заштита на животната средина, одделени се 4 милиони денари за инсталирање на инвертори, 2 милиони денари за субвенции за набавка на велосипеди, како и 2 милиони денари за реконструкција на покривите на неколку згради, односно станбени објекти во градот –  потенцираше Талевски.

Sovet 2

Членовите на Совет ја изгласаа и одлуката за отпочнување на постапката за преземање на ФК Победа во сопственост на Општина Прилеп.

Беа усвоени и Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Прилеп за 2020 година, финансискиот план на ЈКП Пазари и ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник,,, како и одлуката за определување бесплатен градски превоз за пензионери, односно лица постари од 62 години за жени и 64 за мажи.

Советниците ги изгласаа и одлуките за прифаќање на донациите за опрема и подвижни ствари и нивно давање на трајно користење на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник,,, односно урбаната опрема од Друштвото за управување со отпад од пакување ПАКОМАК Скопје.

Loading