НОВОГОДИШНИ БАЈКИ НЕБАРЕ ШЕЌЕРНИ ИЗЛОЗИ

Елена Димоска, уметник кој украсув аизлози

CIMG2885

Успева да ги развеселе прилепчани. Ниту е доктор, ни магионичар, сепак знае да измами насмевка, да го стопли срцето на минувачот и да предизвика пријатни чувства во душата на гостинот во ресторанот чиј излог е ,,изшаран,,. Мајстор е за новогодишна магија. Да ги украси излозите од кафетериите. Да создаде новогодишни бајки. Небаре слаткар кој прави шеќерни излози од кои се смее веселиот Дедо Мраз, или итаат санките од Лапонија, со снегулки во лет.

Елена Димсока завршила ликовна академија пред 2 години. Претежно цртала мурали во јавниот простор во Скоје, а деновиве нема кафетерија односно угостителски објект кој не го украсила за новогодишната атмсофера да биде збогатена.

81041838 431430561075911 4301715170658353152 n

– Идејата да се развесели дојде спонтано, по предлог на еден угостител. И порано работев на стакло, но на помала површина. Сама ја смислувам темата, па скицата и концептот – вели Елена Димоска.

Не користи светлтечки ефекти, ниту лампиони, ленти, туку само бела боја. Со потегот на четката вешто креира разни претстави. Новогодишните мотиви се вкомпонирани во сликата која го исполнува целиот излог. 

– Технијата е темпера и акрилна боја, кои се трајни, но и лесно се отстрануваат од стаклото. Цртам од внатрешната страна за да се заштити од дожд, снег и пареа – вели Димоска.

Среќа блика насекаде. Со часови знае да работи втурната во мислите, во творечкиот занес.

– Убаво е чувството кога од другата страна од стаклото гледате само весели фаци. Овој период е перфектен, радосен и сакам да ги усреќувам луѓето.  Добив повик и од детското одделение. Ќе украсувам хуманитарно да се развеселат дечињата во болницата. Преферирам бела, малку црвено да не биде нападно, да не биде аматерско, најдобар е изборот кој се сведува на неколку бои- вели Елена.

Најголема насликана површина е излогот околу 70 м2. Го сликала пет часа од 1 по полноќ до 6 саатот утрото.

BeFunky-collage-2-3

Изработила и мурал во ОУ ,,Блаже Конески,, каде предава ликовна уметност.  Додека твори, ужива во добра музика. Има економски бенефит, но го прави тоа, пред сé, од љубов. Планира организирање на самостојна изложба. Сака да му подари на градот мурал. Грешки си лови ако пие кафе или минува пред излог кој го украсувала. Задоволна е од она што го сработила.

Украсени излози видела пред неколку години во Белград за новогодишните празници кога нејзиното уметничко око и запнало на излог кој бил необичен, несекојдевно декориран, но празничен, ненападен, туку привлечен.

Новогодишните бајки ги внезди во прилепската чаршија за радоста, надежта и  среќата бидат поголеми во годината која доаѓа.

Loading