ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (29)

marul 1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Прва несреќа

Во нашите околни села, па и во с. Марул откако ќе се запости за големиот христијански празник Велигден уште како што ги викаме велигденските пости или поскратено Велици пости, првиот интерес кај децата е да најдат јаребички јајца или литературно изразено еребички јајца кои се бојадисуваа заедно со кокошкините јајца и за денот Велигден децата ги носат со нив и прават натпревар во чукање или кршење на кокошкините и јаребичките јајца. Кое јајце ќе го изгуби дуелот, му се предава на победникот да го јади.

Секогаш во борбата помеѓу кокошкините и јаребичките јајца, јаребичките јајца излегуваат победници, затоа што кокошкините јајца се поголеми, со послаба лушпа и во формата се вајгулести, тркалести. Додека јаребичките јајца имаат помал формат, обем со набиена поцврста лушпа – корупка. И самото јајце е со многу остра конусна завршница и многу пробивно како куршум во боја се бели.

Ете од таа детска замисла, традиција неколку деца од средно маало тргнале да бараат јаребички јајца и тоа: Јанкоски Крсте, Јанкоски Ладе, Јованоски Димитрија, Јовчески Ванѓел, Стеваноски Младен и Тошески Божин.

Во еден ден, среда за време на велигденските пости во 1922 година откако доручале децата од средното маало се собрале и тргнале да бараат јаребички јајца. Го фатиле местото Присојот во Бачилиште каде има многу поволни природни услови со мали скривници и ситни камење за несење јајца. Децата во Бачилиштето не нашле јајца и преминале во осојницата во местото Орев и штуткале под каменчињата и пештерчињата за да најдат јаребички јајца. Десет годишното момче Јовчески Ванѓел забележал под едно пештерче седело од јаребица внатре нешто пепелаво лежи. Мислејќи дека е јаребицата, Ванѓел левичар посигнал со левата рака за да вади јајца. Наместо јајца, змија пепелашка, шарка му се закачила со забите на средниот прст. Ванѓел спискал, ја извадил раката, змијата обесена на неговиот прст. Другарчињата на помош му дошле со стапчињата, почнале да ја маваат змијата, таа се одмуштила од прстот, децата со еден гашник волнен му ја стегнале раката и со голема брзина Ванѓел го однесле дома. Дома дошло до голем пискот.

За кратко време се насобрал народ, поготово мајките на своите деца во голема паника биле. Јанкоски Богдан комшијата скоро бил дојден од војска, баш слушал предавање во војската, со здрави заби на повеќе пати повредата од раката ја цицал и плукал. Поново му ја преврзале раката. Со помош со запрежната коњска кола од Танески Стојче, Ванѓел бил товарен н акола со татко му Ристе и Богдан заминале на лекар во Прилеп кај рускиот в болница. Докторот ги пречекал, му дал инекција против змиски отров.

После дадената лекарска помош на каснатиот Ванѓел доктурот рускиот потврдил да отровот со кој змијата го каснала малиот Ванѓел не е првиот отров, поради тоа го имала веќе, го употребила ловејќи глувци или гуштерици кој е 100 отсто смртоносен. Откако бил прегледан Богдан Јанкоски и добил инекција против змискиот отров и се констатирало да Богдан нема некакви штетни последици од цицањето на змискиот отров од каснатината на Ванѓел. Кочијашот Танески Стојче и Јанкоски Богдан се вратиле дома за Марул. А додека каснатиот Ванѓел и татко му Ристе со еден џип биле префрлени во битолската болница.

Наредниот ден во Марул се организирало лов, хајка против змијата предводена од Јанкоски Богдан, Новачески Јован, Јошески Петре, Петрески Аце, Мурџески Јован и сите марулски деца да се пронајди змијата и да се казни. Целиот табор на учесниците отишле право на место каде бил каснат Ванѓел. Змијата ја нашле, лежела во истото седело. Најверојатно била сита со некоја нејзина жртва.

Насобраните ловџии против змијата направиле штипка од расцепена прачка. Змијата со штипката ја извадиле, ја потуриле газеп и жива ја запалиле, тоа и била смртна казна на змијата за нејзиното сторено дело над Јовчески Ванѓел. Ни дотогаш, нити пак од тогаш се има догоден ваков случај во с. Марул.

Ванѓел лежал еден цел месец во битолската болница на раката му се отвориле неколку рани од каде течело помешано со крв и гној. Лекарите во битолската болница дале голем труд, го извлекувале малиот Ванѓел. Раката над лактото му беше преглогано од стегањето од преврските каснатиот среден прст му беше превиткан работеше нормално. Јовчески Ванѓел 1921 – 1997 с. Марул.

Втора несреќа Трагедија

Стојаноски Илиев Стојан роден во 1914 година од мајка Елена Бозгеска марулчанка преселена во с. Штавица и татко Стојаноски Котев Илија. За време на Првата светска војна Илија е земен српски војник, потоа и бугарски војник. Завршува војната во 1918 година. Илија си доаѓа од фронтот дома со еден куршум во главата кој го носеше целиот негов живот. Илија не ја наоѓа жива неговата жена Елена, умрела од глад и туберкулоза. Во 1919 година Илија се преженува за Вршкоска Велика од с. Ерековци. Во овој нов брак на Илија малиот Стојан наоѓа мајчинско затоплување. Во 1920 година Стојан добива прибрат Ѓорѓија.

Стојан расти и е спреман за воловарче да ги паси нивните волови.

Еден ден утрото во месец јули во 1922 година како дотогаш, како обично малиот воловарче Стојан и неговите комшиски другарчиња Василоски Милан, Дамјаноски Ристе, Атанасоски Танески Недан и Ристески Танески Блаже, Димко и Ордан како и дотогаш сите воловарчиња од нивното маало собрани во местото Граматска тумба и планот го направиле, ги потерале воловите према местото Стените сечени камење марулското Колдорадо.

Децата воловарчињата се договориле времето е жешко, ќе одат на капење во вирот во грамада да се капат како дотогаш што го правеле. Отишле воловарчињата кај вирот ги собрале горните алиштаи  обувките и влегле во вирот да се капат. Се капеле што се капеле пливајќи на површината на водата. Деца како деца почнале да се натпливуваат под вода. Во самиот виур под водата невидливо од левата страна на вирот према истекот на водата има пештера.

Сите деца пливајќи под вода и излези. Пливал и малиот Стојан. Стојан поново пливнал под вода и го снемало да излези. Чекајќи го неговите другарчиња, не се вратил на површината на водата. Неговите другарчиња ги фатило страв да влезат да го бараат Стојан, туку се стрчале кај татко му на Стојан, Илија на жетва жнијал во оградата в село. Дошол татко му Илија влегол во вирот го нашол детето Стојан заглавен во пештерата, го извадил и го држел со главата надолу за да му истечи водата влезена во неговото тело. Стојан дал знак за жив се опулил. После тоа Стојан ги затворил очињата и повеќе не дал знак за живот. 

Продолжува

Loading