ЈАВЕ ЗА „СЕКУНДИ НА ЉУБОВ ЗА ПАМТИВЕК“ ОД БИЉАНА ЈАНДРЕСКА

Biljana Jandreska„Секунди на љубов за памтивек“ е новата, трета книга од Биљана Јандреска, која доживеа јаве. Станува збор за своевиден дневник на една љубов каде Јандреска преку кратки раскази се надоврзува со поезија. Така, сплотени ја сочинуваат симбиозата на живата љубов која постои меѓу двајца вљубеници, онака случајна, плашлива, а сепак вистинска, овековечена меѓу кориците. Збирката е богата ризница на страст што може да ја поседува само љубена жена.

Говорејќи за книгата, професорката Билјана Тинтоска посочува дека се открива големо емотивно и духовно богатство, исто како што откриваат нуркачите во недостижните и длабоки океански пространства.

– На вешт начин се спојуваат зборот и мелодијата. Стиховите побудуваат тонови, иницираат симфонија. Читајќи ја оваа книга, се чувствував како да присуствувам на концерт каде Биљана ја има првата и единствена виолина. Читајќи, слушав звуци и тонови на еден совршено срочен израз, исто како што виолината умее да ги интерпретира чувствата на композиторот. Се компонирани зборовни звуци од кои намовнуваат нашите сетила – додава Тинтоска.

Јандреска е потпиешана на романот ,,Вистинска љубов,, од 2007 г. и на збирката ,,Предигра низ песна,,.

Loading