Пред Новата година
Дел од ансамблот на театарот ги интензивира пробите за претставата ,,Лажговци,, ( Перо, Миле и Нова година) во режија на Коле Ангеловски, што премиерно ќе биде изведена на крајот на месецот. Текстот е на Антони Нелсон.
-Ова е чудна црна комедија за двајца полицајци кои треба да соопштат вест пред Нова година. Тука почнуваат заплетите – вели режисерот Ангеловски.
Ќе играат повозрасните актери Марјан Чакмакоски, Андон Јованоски, Цветанка Чавлеска, Трајче Иваноски, Виолета Чакарова и помладата Јасмина М. Станковска.
Сценографијата и костимите се на Илина Ангеловска, а музиката на Томче Темелкоски.