МАЛБАШИЌ ДОАЃА СО „СЕДУМТЕ АРХАНГЕЛИ“

Malbas„Седумте архангели“ е тематската изложба на икони од битолскиот уметник Стефан Малбашиќ, отворена синоќа во изложбениот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Според Владо Ѓорески, Малбашиќ првпат во современиот македонски иконопис ја обработува темата на Седумте свети архангели, специфична тема не само за овој простор, туку во православниот иконографски универзум. Не само денес, туку во историјата на божествените иконографски изобразби.

– Посветеноста е специфична по зафатот, обработката и прецизноста како во ликовноста така и во теолошката смисла. Носи одредена првична храбра одлука. Ангелската хиерархија е претставена во своевидна духовна монументалност. Тематскиот зафат е во голем формат, педантен, творечки инспиративен, впечатлив и артистички убедлив. Тој се потпира на фрескоживописите во црквите Св. Ѓорѓи во Курбиново и Св. Врач во Костур, продолжувајќи ја традицијата. Истражува траги кои го разоткриваат светот на архангелите и ангелите, кои успеваат да ја одржат моралната, чувствената, етичката и духовната смисла во човековото опстојување, особено денес – посочува Ѓорески.

Loading