СОМНИТЕЛЕН ТЕНДЕР ИЛИ ПОДАРОК?

Spomenik 2СПОМЕНИКОТ КАЈ ДАБНИЦА ГИ СКАРА ВМРО – ДПМНЕ И ЛОКАЛНАТА  

ВМРО – ДПМНЕ ја обвинува локалната самоуправа за сомнителен тендер за споменикот кај Дабница, а од Општината велат дека обновениот споменик е донација.

ВМРО – ДПМНЕ презентира сомнежи за злоупотреба и сомнителни јавни набавки на градоначалникот Илија Јованоски. Според претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Петар Ристески, градоначалникот на 3 ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, пресече лента за новиот споменик посветен на масакрот од бугарскиот окупатор во селото Дабница.

Според тендерската документација за овој споменик, објавена на електронскиот систем од Бирото за јавни набавки, крајниот рок за поднесување понуди и отварање на истите за реставрацијата и поставувањето на споменикот бил 5 ноември. Споменикот беше поставен два дена порано, на 3 ноември. Чудно и надвор од сите законски прописи. Првин споменикот се постави, а после два дена е отварањето на понудите за најповолен понудувач – вели Ристески.

Според него, локалната самоправа сакајќи веројатно да се скрие од одговорност, тендерот бил поништен, но споменикот се постави на 3 ноември.

Затоа Ристески праша јавно како и според кој критериуми е избран изведувач на овој споменик? Како е можно без завршена тендерска постапка, без склучен договор, да се заврши реставрацијата и поставувањето? Кој е изведувачот на поставувањето, како е избран и во каква постапка?

Локалната самоуправа соопштува дека споменикот во Дабница е реконструирана одливка на статуата ,,Смрт на фашизмот,,, дело на скулпторот Сашо Поповски, поставена на истиот постамент на кој некогаш се наоѓаше уништената оригинална скулптура на авторот Димо Тодоровски. Според писмената изјава на скулупторот Поповски, новопоставената одливка е подарок за Општината со цел да биде поставена на местото каде некогаш стоел оригиналот. Подарокот е примен согласно член 45 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење и располагање со стварите во сопственост на Општина Прилеп, давање и примање подароци и за евиденција на недвижните ствари во сопственост на Општина Прилеп.

Реконструираната одливка на статуата е поставена на постоечкиот постамент под надзор на Завод и музеј.

Loading