ВТОРА ДОНАЦИЈА ОД ВИТАМИНКА ЗА ПРОТИВПОЖАРНАТА ЕДИНИЦА

donacija na vtoro vozilo

Витаминка реализира втора донација во Територијалната противпожарна единица на Прилеп. Донирано е навално противпожарно возило, марка ДЕНИС од англиско производство. Донацијата е реализирана во соработка со Fire-Aid International, Коузон Вработување и општината Прилеп.

Возилото располага со опрема за гаснење пожар и скали, посебно потребни за интервенции во специфични услови и тешко достапни места.

– Општествената одговорност како дел од нашата корпоративна стратегија, го опфаќа и одговорното делување во заедницата. Со втората донација во возило, која следува по неколку денови од првата донација, помагаме преку брза реакција на ТППЕ да се намалат ризиците од пожари и да се превенираат можните штетни последици. Проектот е од посебна вредност заради тоа што треба да резултира со воспоставување на подолгорочна соработка меѓу ТППЕ и другите партнери во проектот, особено во делот на стручната помош и размената на искуства. Среќни сме што како компанија помогнаме конекцијата да стане реалност и што денес го имаме противпожарното возило во нашиот град – изјави Орде Ѓорѓиоски, директор на Секторот за правни и општи работи во Витаминка.

Vtoro Pozarno vozilo

Донацијата вклучува и обезбедување долгорочна стручна помош преку повеќедневна обука за користење на средствата и размена на искуства. Во обуката ќе бидат ангажирани сите пожарникари од ТППЕ, а ќе ја изведуваат професионални инструктори од Англија.

Ова е втора донација на Витаминка за две недели за потребите на ТППЕ. Претходната беше товарно моторно возило марка Митсубиши Л 200.

Loading