СО ДРЖАВЕН ВЕТЕР ВО ГРБОТ ДО СОПСТВЕН БИЗНИС

Grantovi za samovrabotuvanje

Сопствен бизнис почнаа 35 невработени прилепчани откако добија неповратни 5.000 евра од државата преку мерката ,,Самовработување со грант,,. За содружници од две лица за отворање на бизнис добиваат 10.000 евра. Грантовите се за различни дејности. Има плочкари, продавачи на мало, автолимари, фитнес и фотографски студија… Интересот за самовработување со грантови расте. Лицата кои добиле грантови можат да користат и други мерки и поволности од Агенцијата за вработување.

Проект е дел од оперативниот план на Владата за активни програми и мерки за вработување за 2019 година.

– Годинава аплицираа 161 лице. Првите 68 во септември, а сега уште 35 – вели Гордана Младеноска, раководител на Центарот за вработување.

– Со отворањето на женски бутик би можела да имам повеќе финансиски можности. Би имала подобра иднина за мене и за моите деца – вели Елена Илиеска.

– Добив неповратни средства како гипс мајстор. Планирам да отворам фирма за кнауф и фасади. Со легализација на бизнисот и нови машини со средствата од грантот очекувам поголем работен ангажман во  иднина – вели  Мартин Митков, корисник на грантот.

Околу 7.000 прилепчани се активни баратели на работа, иако во Центарот за вработување се евидентирани 11.592 лица.

Loading