„ПРИКАЗНИ ЗА КРАТКОСТА“

Gabriela Stojanoska StanoeskaНова книга  на Габриела Стојаноска – Станоеска

,,Приказни за краткоста,, е расказ за душата на сограѓанката Габриела Стојаноска – Станоеска. Третата книга на магистерот на општа и компаративна книжевност е дело во кое авторот вешто го устројува специфичниот книжевен израз, богат со референци и евокации на современата стварност. Шеесетте раскази гледаат со отворени очи во рапавата стварност, откривајќи ги нејзините јазли, пукнатини и лузни.

-Раскажувачката потрага по фалинките на реалноста или, како што таа во еден парадигматичен расказ за нејзината поетика вели, барајќи влакно во јајцето, гради една слика на свет обележана од зачуденост, меланхоличност и гнев. Светот кој е пореметен до неверување, со загубен морален стожер, светот кој нема доволно чист воздух слободно да се дише , па ни услови за да опстане хумано и на подолг рок. Во содржината има шокатни и банални егзистенцијални сцени од македонското секојдневие. Затоа овие раскази се вивисекција на една неверојатна стварност, толку неверојатно деформирана што делува фантастично и нереално…- потенцира академик Катица Ќулавкова.

Стојаноска – Станоеска е наставничка по македонски јазик во ОУ ,,Кочо Рацин,, и е главна и одговорна уредничка на списанието за литература, уметност и култура, Стремеж.

Loading