НОВО ОДЛОЖУВАЊЕ НА КАПИТАЛНИТЕ ПРОЕКТИ

ВМРО – ДПМНЕ

Опозициската група на ВМРО – ДПМНЕ во Советот на општината ги поддржа  проектите на градоначалникот, но во соопштение забележа дека лагите на Јованоски немаат крај Според нив, истите проекти најавувани пред локалните избори само се пролонгираат со нови рокови, а од реализација нема ниту закована една шајка. Јованоски ветуваше градба на здравствено-спортско рекреативен центар со затворен базен, а фамозниот проект по којзнае кој пат се пролонгира и ќе бидел завршен во 2021 година. Градоначалникот и СДСМ за една година ќе изграделе затворен базен, градинка, ќе направеле реконструкција на старата чаршија, ќе граделе булевари, мостови и што ли уште не…

Сепак вистина е дека Јованоски и СДСМ ќе ги исполнат овие ветувања колку што го исполнија ветувањето за 20 отсто пониски сметки за вода, кои патем сега се повисоки за 60 проценти.

Кога веќе одново ветува прашање е до каде е градбата на мовчето во населбата Сточен пазар и дали со анекс договори ќе се зголемува и така астрономската сума од 500.000 евра?

Loading