НОВИ АВТОБУСИ, УЛИЦИ, КЛУПИ …

Годишен отчет на градоначалникот Илија Јованоски

zdrav letnikovec

Осврнувајќи се на завршените проекти и оние чија реализација треба да финишира до крајот на оваа и почетокот на идната година, градоначалникот Илија Јованоски информира за реализираните и тековните активности на општината Прилеп за 2019 година.

-Изградени се 24 улици од 12 км. Тампонирани се околу 20 км. улици во градот и во селата. Се отвора новиот тендер за асфалтирање на улици за 15 милиони денари, со кои се надевам дека до крајот на оваа сезона ќе се асфалтираат уште десетина улици – рече Јованоски.

Набавени се четири автобуси на метан со еко стандарди за побезбеден јавен превоз. Набавено е и специјално возило за противпожарна служба и придружна опрема за пожарникарите. Реновирани се четири детски игралишта во Точила, Типски куќи, Варош и ,,Димо Наредникот,, и изградено е и едно ново на Могилата на непобедените. Тоа е донација од компанијата Пакомак. Поставени се нови клупи и канти за отпад во центарот за 2,4 милиони денари.

Завршен е проектот ,,Маркови кули – заштита и делување,,. Поставена е инфраструктура и пристапен пат, осветлување, информативен центар, два летниковци. Тоа е потврда на грижата за природното и културно наследство.

Градскиот стадион веќе е реконструиран. Покриена е северната трибина, реконструирана е и југозападната, изградени се оградните ѕидови и се направени се тоалетите. Останува уште тревникот, за што е надлежна  ФФМ.

Важен проект е градбата на мостот на Градската река во населбата Сточен Пазар. Ќе биде завршен до крајот на јануари 2020 година. Мостот е значаен за транспортот на стопанските субјекти. Избран е најповолниот понудувач за градбата на булеварот ,,Гоце Делчев,,. Годинава ќе биде реконструиран потегот од поштата до поранешната Градска кафеана, а на почетокот на идната година ќе се гради булеварот од споменикот ,,Карпалак,, до Тинекс.

-Направен е идеен проект за секундарната гасоводна мрежа од 20 км. Се изработува основниот проект. Се чека на одлуката од Владата дали државата комплетно ќе ја гради и секундарната мрежа или секоја Општина посебно – истакна Јованоски.

ВАНДАЛИЗАМ

osteten

Негрижата и несовесноста на граѓаните ја има на секој чекор. Неодговорниот однос кон урбаната опрема и објектите од јавен карактер најчесто се случува далеку од очите на јавноста. Уништен е еден од летниковците кои се поставени во заштитеното подрачје Маркови кули. Штотуку Локалната самоуправа го заврши  проектот ,,Маркови кули – заштита и делување,, веќе неодговорни жители, го демолирале местото за одмор, починка и заштита од сонце, ветер и дожд.

Случајот е пријавен до надлежните служби. Општината и Институтот за старословенска култура апелираат на воздржаност од било какви дејствија на уништување на создаденото кое им служи на сите посетители.

Потребна е зголемена граѓанска свест за чување и добро однесување со општите добра.

delovi od osteten letnikovec

Loading