ДОМАЌИНИ НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА

По повод 60-годишнината од основањето на Економскиот факултет

EF1

Економскиот факултет беше домаќин на 11. Меѓународната конференција на тема: ,,Дигитална трансформација на економијата и општеството: обликување на иднината,,. Конференцијата собра на едно место претставниците од академската заедница и бизнис-секторот да ги споделат знаењата, информациите, искуствата и резултатите од истражувањата поврзани со различни аспекти на дигиталната трансформација на економијата и општеството. Учествуваа многу еминентни претставници од различни држави. Научните согледувања ќе придонесат кон креирање адекватни политики.

Процесите и можните импликации на дигиталната трансформација врз развојот претставуваат клучен предизвик на истражувачите низ светот.

Деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Драгица Оџаклиеска оцени дека 60 насто од домашниот-бруто производ ќе бидат резултат на глобалните активности до 2022 година. Нагласи дека сите овие процеси и имликацијата од дигиталната трансформација врз развојот претставуваат клучен предизвик за истражувачите во светот.

– Проценките упатуваат на сознанијата дека 60 проценти од глобалниот БДП ќе биде дигитализиран до 2022 година – истакна Оџаклиеска.

Ef2

Од презентираните трудови на Меѓународната конференција непобитни се сознанијата дека во суштината на дигиталната економија се наоѓаат економските активности кои се резултат на милијарди онлајн-конекции кои секојдневно се случуваат меѓу луѓето, бизнисите, податоците и процесите. Главниот столб на дигиталната економија претставува хиперконективноста, или со други зборови, растечката поврзаност меѓу луѓето, организациите и машините, а која поврзаност е резултат на интернетот, мобилната технологија и интернетот на нештата. Дигиталните и мобилните технологии забележуваат неверојатен раст последните години. Иновациите на производи (стоки и услуги), променливата структура на трошоците и намалувањето на бариерите за влез драстично ги менуваат индустриската структура и бизнис-моделите.

Брзата дигитализација на економијата придонесува компаниите своето производство масовно да го селат повторно назад од Исток кон Запад, како што, поради ефтината работна рака пред 30 години, се селеа од Запад кон Исток.

– Иднината на земјите во развој се бара во јакнење на иновациските капацитети и профилирање на високотехнолошка економија. За тоа не придонесуваат само европските партнери, туку и соработка со другите земји во светот. Роботизацијата веќе укинува едноставни работни места – истакна Небојша Стојчиќ, Универзитет од Дубровник.

Ef3

– Доколку се зголеми пристапот до инфоматиичките технологии кај сиромашните луѓе, тие ќе го подобрат приходот. Ја советуваме Владата и Меѓународните организации, колку што е можно повеќе, да инвестираат во дигиталните технологии, во образованието, како алатки, за да се постигне намалување на сиромаштијата и да се намали нееднаквоста на доходот – изјави Расим Јилмаз, ,,Нама Кемал,, Универзитет, ,,Текирдак, Турција.

– Изумира традиционалниот начин на функционирање. Сé повеќе луѓето купуваат он лајн. Се повеќе луѓе работат на места каде се тргува он лајн – кажа Сара Вилијамс, Универзитет во Вулвахам, Велика Британија.

– Со растот на дигитализацијата последниите години се создава и потреба за нови креативни и повисоко платени работни места – рече Глигор Бишев, финансиски експерт.

Меѓународната конференција, која се одржа на 19 и 20 октомври, е прва од серијалот настани со кои почна одбележувањето на 60-годишнината од основањето на Економскиот факултет.

Loading