ОДБЕЛЕЖАН 23. ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

ls2

Со положување свежо цвеќе пред спомениците на Ѓорче Петров и Пере Тошев, Општина Прилеп го одбележа Денот на Македонската револуционерна борба, 23.Октомври.

Цвеќе положија градоначалникот Илија Јованоски, претставници на Советот на општината, Сојузот на борците и политички партии.

На празникот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше во Прилеп. Во градот каде што е одржан првиот Конгрес на возобновената партија, се одржа академија во Центарот за култура. Мицкоски со своите соработници, оствари и средба со граѓаните. Убеден дека тој ќе биде идниот мандатор на новата Влада по 12 април идната година, Мицкоски порача дека народот на 12-ти април ќе го извади црвениот картон и ќе стави крај на владата на Зоран Заев.

Тој заклучи дека сегашната власт ги усовршила и махерски ги надминала кон полошо сите работи што ги плукала кај претходната власт.

– Заев паѓа зашто тргуваше со Македонија. Затоа што го даде она што на сите ни е свето, но за возрат не се доби ништо. Заев паѓа зошто смени име и идентитет без да го слушне народот – рече Мицкоски.

m1

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека криминалот е голем и извира од врвот на власта, а за три години ниту еден криминалец не е зад решетки. Лидерот на опозицијата, во своето обраќање, обвини дека владата ги измамила земјоделците, и ги уништила здравството и образованието.

– За три години власт ништо добро не направи. Македонија во својата историја никогаш немала полоша Влада – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија се буди и бара промени, граѓаните го креваат гласот против оваа однародена власт на СДСМ и Зоран Заев. Тие стануваат минато и ќе бидат сместени на темната страна од историјата на Република Македонија – рече Мицкоски.

Тој рече дека на лидерската средба предложил изборите да се одржат порано, меѓутоа Заев го одбил неговиот предлог.

m2

– Предложив од оваа недела да се формира техничка Влада и да ги броиме 100-те дена, а потоа да има избори. Заев одби – изјави Мицкоски од Центарот за култура ,,Марко Цепенков,, каде се обрати по повод Денот на македонската револуционерна борба.

Loading