РАДОСТ, ВЕСЕЛБА И ЧУВАЊЕ НА ВЕРАТА

За празникот Мала Богородица во Марул

Gi odrzuva istoriskite tragi seloto  Marul  duri od Svedska  - Tome Veljanovski

 

Секоја година на 21 септември кога се празнува големиот христијански празник Мала Богородица, весело е во Марул. Врие народ во дворот на црквата посветена на раѓањето на мајката на Синот Божји, Марија. Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) е еден од големите празници кој го носи во срцето и Томе Велјановски Марулецот од Гетеборг, Шведска. Со домаќинот на годинешното празнување Раде Ристески и со своите соселани се грижат за храмот божји.

Велјановски со материјални средства го уредува просторот да личи на достоинствено место да се чува љубовта кон Бога, кон ближниот свој, кон генерациите, кон претците.

Тој и низ стих излеан од срцето од Шведска ја сака татковината. Не го заборава родниот крај и во студенилата во Шведска го грее домашното огниште. Го милува сонцето на историјата во сивилото на денот во Гетеборг. Наместо крик да пушти срцето, душата лее стихови. Се редат зборови од градите во кои бие македонскиот сој, ја ткае свилената нишка испреплетена со љубов, почит и незаборав за домот свој, за минатото и деновите кои ги исполнувале спокој и убост. И тогаш никнува песна, родољупска, патриотска, искрена и лирска.

Си ја олеснува Томе душата. Најдува вентил да ги празни емоциите, тагата. Далечината ја победува со сликите за претставите за крајот свој, за Марул. Никнуваат стиховите, се ниже песната.

Томе се грижи за својот крај и со гест, со конкретен чекор и акција. 

Пред празникот се променети двете врати на црквата. Не е првпат Томе да иницира и реализира уредување на светиот дом. Претходно, грижливо водел есап на сметката каде се собираат доброволните прилози за реновирање.   

Весело беше и оваа година на Богородица мала во Марул. На големиот собир со музика присуствуваше и попот со фамилијата. Се собраа раселените марулци да се видат, да поприкажат, да се распрашаат како се, што прават и се потсетат на времето минато Додека траела веселбата, се вееле знамиња во Марул, македонското и црковното…

Иако не беше Томе таму, и тој се радуваше со роднините, со гостите, со посетителите.

В година домаќини ќе бидат тројцата браќа, Веле Новачески, Пецо Новачески и Гоце Цветкоски.

{AG}567/m{/AG}

СРЦЕТО НА МАРУЛ Е ЦРКВАТА

Во 2002 г. за одбележувањето на смртта од паднатите тројца комити реновиран е гробот, послан е со мермерни бели плочи. Во 2003 г. црквата комплетно е препокриена. Сменето е прозорчето на олтарот и се ставени нови олуци. Се изгради и покри камбанаријата со подрумот.  Во 2008 г. малтарен е ѕидот од двете страни околу тремот и црквата. Во 2009 г. се изградени тоалети. Во 2010 г. оградени се гробиштата со телова мрежа. Во 2011 г. поставена е плоча за престојот на втората МНОУБ. Во 2012 г. се поставија јарболи. Во 2013 година се постави метална ограда на влезните скали.

БОГОРОДИЦА МАЛА

Рождество на Богородица мала

во Марул е селска слава

камбаната в црква од мугрите тропа

народот за прослава го вика.

 

Толпа од народ почнува да иди

дневната прослава за да ја види

гостите в црква свеќи си палат

на упокоените почит му оддаваат.

 

Свештеникот в црква богослужба држи

со причесна и нахора на народ му служи

секој има право причесна да земи

ако на Бога духовно му служи.

 

Домаќинот со погача в црква оди

свештеникот благослов да му дади

на залаци тој погачата ја дели

да има секој од нејзе да земи.

 

Нов домаќин в црква се бира

оддаден да е на Бога и вера

неговиот мандате година дена трае

на годината мандатот ќе го предаје.

 

За лицитација сите подароци се вадат

за продажба нив ги нудат

највисока цена кој ќе дава

од робота тој ќе зема.

 

Оркестарот активен е со ора и песни

музиката негова надалеку таа трешти

секој нејзе што ќе ја слуша

за в година добре дошол тука.

 

После ручекот гостите си одат

со домаќинот тие збогум земаат

со пофалби за неговиот дочек

и в година да има ваков пречек.

Автор

Томе Велјановски Марулецот

30.9. 2019г.

Гетеборг, Шведска

Loading