ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (17)

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

marul

Пукање на германскиот офицер

Само што се научив да фрлам камен со праќа еден ден со Ванѓел и Ладе фрламе камење со праќа од нашето гумно преку река према Мурџеви. Откако го фрливме камчето кај горните Мурџевци се појави еден германски офицер со поголем чин. Фрленото камче падна пред него и скокна према него, сигурно го удри по нозете. Офицерот подскокна, не виде нас и со пиштолот еднаш пукна и се загна попат према нас. Ние избегавме и се сокривме во тушникот во нашата фурна, ја тргнавме камената плоча на тушникот, се туткаме внатре во пепелта.

Стаса офицерот во дворот наш, почна да вика по герански. Ние се платиме во тушникот. Едно време го снема, офицерот си замина. Не можеме повеќе да издржиме во тушникот, ќе се загушеме во пепелта и си рекове ние се спасиме од сигурен ќотек. Ама до вечерта умреа мајка ми Благуна и сестра ми Алтана. Нив не ги спасиме. Сите тројца постанаме ожалостени. На Вангел му умреа баба му Стојна Велјаница и брат му Грозан. На Ладе му умре мајка му Спасија. Таков беше тогаш животот. Денес го гледаш човекот на нозе шета, утре тропа црквеното за истиот човек што си го гледал вчера здрав. Крсте раскажа со солзи на очите во еден раговор со него пасејќи ги овците во Орев.

Првата фронтовска линија не се измени, остана како дотогаш. Земјата помеѓу фронтовската линија, зона беше забрането да се обработува, ниту за житна култура, ниту пак за градинарски прехранбени продукти за исхрана на луѓето и стоката. Во зимата 1917 – 18 година од руската револуција каде што во нашите градови се наполниле со руски емигранти, македонскиот машки пол кој бил способен за производство за храна бил отеран на фронтот. На фронтот се умирало од оружје, дома од глад и болест.

Поради преголемиот проблем од недостиг за стан, живеалиште во Прилеп дваесеттина руски емигранти зимата ја поминале, преживеале во пештерата во присојот кај кладенецот во Мечкоец во штавичкото. Пештерата наоколу ја затвориле, заштитиле со платно од ветер, дожд и снег.

Преку денот една група оди, бере дрва за огрев, некои берат шипинки, глогинки и трненки за супа, а трети одат во градот и по селата како питачи за да добијат парче леб и лајца брашно. И на таков начин руските емигрант ја преживеале зимата во пештерата во Мечкоец. Тие се учени на постудени, поларни студови.

Пештерата уште од тогаш беше внатре оцрнета, борба за живот. Во наше памтење истата пештера му беше заштитен дом од ветер, дожд па и снег на нападените тутунарски магариња од Прилеп. Откако ќе се обереше тутунот во Прилеп многумина прилепчани ги нападуваа своите домашни амали магарињата за да не ги дават нарана за преку зимата. Нападените магариња пасејќи во групи штотуку ќе се заладеше, се собира во пештерите за да се спасат од студот. Многу домаќини од околните села идеа кај пештерата во Мечкоец и си одбираа магариња и напролет ако не му треба ги продаваја. И навистина не се деси магаре да остани дане биди приберено да умри од глад. И покрај сите катастрофи што ги снајде народот физички здравите девојчиња и момчиња си ја бараа својата среќа преку удомување, мажење и женење. Исто така и во 1918 година се имало омажено и оженето девојчиња и момчиња.

Јанкоска Илиева Мара се омажила за Ристе од с. Путурус, Јанкоски Илиев Петре се оженил за Божиновска Маркова Невена – Цоцеска од с. Црничани родена подмолка. Јанкоски Ѓорчев Трајан си дошол од фронтот, се оженил за Јованоска Митрева Сребра бегалка од Марул на која мајка е Мара и рекла: е мори ќерко дали сега е за мажење кога мажите на фронтот паѓаат како круши презрејани, а ти ќе се мажиш. Јанкоска Ѓорчева Дуна се омажила бегалка за комшијата Стеваноски Огнев Најдо Гулабоски марулец. Павлеска Стојанова Ристана се омажила за Мирче од с. Сливје одтаде Прилеп. Павлеска Јованова Петра се омажила за бугарски војник Стојко и заминала со него за Бугарија.

И покрај сите тешки услови за живот повозрасните деца психички и физички здрави во почетокот од пролетниот период во изминатите години одкако ќе си дојделе од кај воените кујни преку денот оделе на берење коприви во топлите долови во марулскиот сињор. Правеле киски, ги носеле дома и за комшиите од нив правеле супа и варена чорба помешани со троа брашно.

Штотуку ќе завршела работа со копривите, ќе остареле, оделе по зелје низ полето марулско го береле накитено во киски го делеле по куќи и од него вареле чорба и супа барем нешто да се пушти во гладните стомаци.

Исто така понекогаш оделе во бугарската воена градина добивале од се по нешто за варење чорбести јадења. Од овие сите артикли коприви зелје и градинарски ги полнеле празните стомаци на луѓето и спасени се повеќе луѓе од сигурен помор, умирање. Кажувано од истите тогашни малолетни деца во разговорите со нив. Како најактивни деца тогаш биле Петрески Аце, Ванѓел Петре Бабјаците, Стојанов Атанас Чонески, Павлески Богоја, Мурџески Јован, Здравески Петре, Новачески Јован, Јанкоски Богдан, Стеваноски Новаче, Гулабоски Јованоски Тодор, Танески Крсте и Ордан.

Бугарската воена градина се наоѓаше од под патчето под Сува чешма цел присој под тумба па се до Долни превалец до ливадите во Данчулица. Есента во 1915 година штотуку дошла бугарската во Марул војската бугарска го изнесла сето арско ѓубре, гној од Марул на ова место го нагнале местото го изорале местото, ја вратиле водата да течи од целиот Каракамен преку зимото во изораното место во пролетта 1916 година местото го насадиле со повеќе сорти на градинарски производи зеленчук пиперки, домати, црни домати, лук, праз, кромид, краставици, моркови, салати, тикви печарки. Сите овие градинарски производи биле наменети за храна на војската за на фронтот па и зелка. Оваа површина опфаќа некаде сто хектари преку летото била наводнувана само со природниот дожд. Повеќето од овие градинарски култури за прв пат биле видени од нашите марулски жители.

Во пролетта 1918 година беа повикани на воена регрутација за бугарски војници: Грујоски – Колески Трајанов Богоја, Јанкоски Илијев Петре и Стеваноски Гулабоски Огнев Најдо. Богоја и Најдо биле регистрирани и повикани на ослужување на воениот рок бугарски војнци, а додека Јанкоски Петре бил одбиен поради пред една година ги оштетил прстите пукајќи воени петарди. Во пролетните денови во 1918 година во Марул се родиле две деца Павлеска Петрева Траенка и Петреска Велјанова Блага бабица. При крајот на месецот септември Дамјаноски Мицо и неговата жена Мицојца Аца ожалостени му умрело детето единаче. Имале насадено надиво бостан во местото Поројница отишле за да го берат бостанот со запрежната воловска кола дотерана од Прилеп. Колата ја наполниле со лубеници. Само што излегле од бостанот на патот за дома згрмела тешката германска артилерија која била замаскирана источно поред бегот од теѓето во с. Канатларци против француската артилерија на фронтот.              

Продолжува

Loading