ПОВЕЌЕ СРЕДСТВА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИТЕ

Усвоен ребалансот на буџетот

mt

 

Советот на општината го изгласаа ребалансот на буџетот и измените и дополнувањата на развојната програма. Капиталните расходи изнесуваат 60 милиони денари, а заклучно со 30 септември тие ќе минат 76 милиони денари.

-Со ребалансот се одобрија дополнителни 55 милиони денари за реконструкција и асфалтирање на улиците во градот и 18 милиони денари за изработка на урбанистички планови во 30 села во општината. Се издвоија средства за помош на спортските клубови и еден милион денари за доизградба на црквата Св. Наум и за џамијата во Тризла. Капиталните расходи до овој момент изнесуваат 60 милиони денари, а заклучно со 30 септември ќе поминат 76 милиони денари. Тоа покажува дека во градот се случува градежна експанзија и дека сите проекти ќе бидат реализирани – изјави Миле Талевски, претседател на Советот на општината Прилеп. 

На последната седница советниците ја усвоија стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и граѓанска вклученост на Општинат. Ги изгласаа и годишните извештаи, годишните програми за работа и годишните планови за вработување во основните и средните училишта во градот. Дадоа согласност за тримесечните извештаи за финансиското работење на јавните претпријатија, за годишните планови за вработување во 2020 година, а го усвоија и деталниот урбанистички план за четврт 2, блок 2,3, за планскиот период 2018 – 2023 година.

Ирена Стерјовска Локвенец, советник од ВМРО-ДПМНЕ

Капиталните инвестиции семизерни 7.7  отсто

Irena Sterjoska

 

„Впрочем капиталните расходи во првиот задоцнет квартален извештај изнесуваат само еден отсто. Додека во вториот квартал стигнале до ,,фантастичен,, процент на реализација дури до 7,74 отсто. Ако истиот период лани имаа ,,фантастична,, реализација од 11 отсто, оваа година ,,се надминаа,,и стигнаа до уште ,,пофантастична реализација,, од само 7,74 проценти. Жалиме што градоначалникот не беше присутен на седницата да го прашаме дали е задоволен со динамиката на реализацијата на буџетот. А при носењето на буџетот лани во декември го елаборираше преоптимистички. Оваа бројка за граѓаните не би требало многу да изненадува, затоа што ја отсликува реалната слика од секојдневните неактивности на општината, сега само преточени во катастрофални бројки.

Почитувана локална власт, граѓаните ве гласаа за градинки, училишта, спортски сали, театар, пониски сметки за вода, почист Прилеп. Едноставно, гласаа за работа преку која ќе им ги подобрите условите за живот. Но, еве уште еднаш на виделина излегуваат лагите, популизмот неспремноста и неспособноста да го надградите Прилеп. Вашата неспремност за работа се гледа и во тоа што во развојните програми за 2019 година, денес пак ги проектирате, ги проширувате временските рамки за реализација од 1 на 2 години.

Најверојатно поради лоша проценка, незнаење или пак слабата досегашна реализација. За ова назадување и непрофесионално водење на општината одговорност мора да има. Најпрво граѓаните ќе ве казнат на следните предвремени парламентарни избори, а потоа и на следните локални избори. Потребно е да се извадат розовите очила. Извадете ги и ќе ја видите реалноста од 7.74 отсто во очите на секој еден кој со крајни маки и сили се труди да работи да делува овде, во Прилеп, во Република Македонија. Доста е блескање, доаѓа време за вистинска работа и проекти за доброто на граѓаните – изјави Ирена Стерјовска Локвенец, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Loading