КАШИКАРАТА БИЛА АКТИВИРАНА – НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ ЈА ФРЛИЛ

Рачната бомба пронајдена пред кафе-барот Кафе ин во центарот на 10 јули околу пладне, била „кашикара” и била активирана, но се изгаснала и не експлодирала. Вака информираа од прилепското јавно обвинителство каде се води истражната постапка за случајот. Засега нема конкретни индиции за сторителот на настанот кој ја блокираше неколку часа старата чаршија и предизвика вознемиреност кај граѓаните.

Досега Обвинителството, кое веднаш наложи да се направи крим -техничко вештачење и да се прегледаат снимки, доби информации за типот на рачната бомба-кашикара, за нејзиното полнење, како и дека била активирана, но се изгаснала.

Освен тоа, не се пронајдени ДНК примероци од евентуалниот сторител, ниту папиларни траги, односно отпечатоци, освен оние од официјалните лица кога ја демонтирале рачната бомба.

– Се прегледуваат снимките, но засега нема конкретни индиции за сторителот – информираат од Основното јавно обвинителство.

Loading