СЕЛФИ ЗА КОЖАТА КОГА Е УМЕТНИЧКИ МЕДИУМ

Darko TaleskiЛиковниот уметник Дарко Талески учествува на два фестивали

Ликовниот уметник Дарко Талески учестува на уметничкиот фестивал „Јас сум моето тело, јас сум мојата меморија” кој започна на крајот на јуни во Венеција, Италија, а ќе продолжи во Париз, Берлин и Лондон. Талески се претставува со кратко видео каде што ја користи својата кожа како уметнички медиум цртајќи врз неа. Насловот на видеото е „Селфи” во кое уметникот го прикажува формирањето на идентитот денес под влијание на социјалните мрежи.

– Учествуваат 40 меѓународни уметници, активисти и теоретичари кои имаат за цел да создадат уметничка платформа, не само за прикажување на уметнички дела, кои вклучуваат фотографија, слики, инсталација, перформанси, но исто така платформа за дискусија за важни прашања поврзани со човечкото тело, а најчесто за тоа како меморијата ги задржува погребаните спомени од нашето страдање како деца, како фетус … а понекогаш дури и оние спомени од нашите родители и наши предци – објаснува Талески. 

Со видеото „Селфие” ќе учествува и на Уметничкиот фестивал во Ланзароти , Канараските острови – Шпанија од 26 јули до 16 август.

Следен уметнички ангажман на Талески е зедничкиот проект на група уметници од Норвешка и Србија со наслов „Сеќавања” кој ќе се одржи во октомври во Скопје.

– Многу малку или воопшто не е познат фактот за страдањата на Југословенските затвореници во логорите во Норвешка за време на Втората светска војна. Еден од нај бруталните логори во Норвешка бил во местото Беиосфјорд близу до градот Нарвик во Северна Норвешка, каде што имало повеќе од 1000 југословенски затвореници од кои во текот на 4 месеци настрадале 89.4% од нив. Најголем број биле од Србија, но исто така статистиката покажува дека имало и 11 Македонци. Авторот на проектот Марсил Ангелов Ал-Махамид, ликовен уметник кој живее во Норвешка, беше поканет да биде дел од одбележувањето на 75 – годишнината од масакрот во логорот со нетрадиционален уметнички проект. Беше направена уметничка интервенција во просторот каде што во еден ден биле убиени 246 затвореници, беа изведени два перформанси на групата уметници еден на прсторот каде што бил извршен масакрот, и друг во Нарвик во воениот музеј за време на главната церемонија. Главната идеја на проектот „Сеќавања” е како да учиме од историјата. Проектот има неколку значајни цели: да се стави фокус на една помалку позната група на народи кои биле дел од систематските убивања на нацистите за време на Втората светска војна; да се истражи како уметноста и дискурсот на човековите права може да се осврне на сеќавањата; да се помисли на актуелните случувања на Блискиот Исток и нивниот однос на Европа во Втората светска војна и да научиме за присилното преселување на луѓето – објаснува Талески.

Selfie

Дарко Талески е единствениот уметник од Македонија во проектот меѓу петте уметници од Норвешка и Србија.

Loading